Искуствата на нашите практиканти

12 November 2020


Искуствата на нашите практиканти

Давање шанса на младите и овозможување да стекнат увид во тоа што значи бизнис и работа во систем, вклучување во реални задачи, можност за учење од професионалци и можност за стекнување вредно искуство кое утре ќе им биде отскочна даска за вработување и градење кариера, претставува клучен елемент како продолжение на образовниот процес на младите. И во отежнати пандемски услови, младите покажаа неверојатна желба, ентузијазам и подготвеност да учат, да го стекнат потребно знаење и вештини, со што ќе се издвојат како идни таленти на пазарот на труд, а Нептун Македонија и нашите ментори несебично ги примија, споделија знаење и им ја дадоа потребната поддршка. 

Им посакуваме да бидат доволно самоуверени да прифатат било каков предизвик и доволно храбри да ги остварат замислените цели... А ние сме сигурни во тоа!

Виктор Стевановски - практикант во оддел Финансии и сметководство

„Моите амбиции и потрагата кон професионално учење, осознавање и надградување на професијата на која сум академски посветен како и продлабочување и практично запознавање со материјата која низ образовниот процес скалесто ја совладав, беа клучен сегмент да започнам да размислувам за чекор кој втурнува во работа, колектив и колегијалност. Нептун со својот став на серизност, посветеност, енергија која владее помеѓу вработените и можност за себе надградба ми овозможи едно ново видување на економијата, овој пат низ прозорец малку поразличен од оној со многу литературата која ја нуди факултетот, но сепак доволно близок да направи една симбиоза на она што досега го знам и она што во иднина сакам да го работам. Финансии и сметковотството, книжење на уплати и тимска работа како и точност и временска прецизност во исполнување на обврските се само дел од вештините кои ги сретнав , осознав и запомнив. Добив внимание и знаење какво што секој би посакал, несебично споделено, со добра мисла обострано сметам дека бев корисен практикант кој со време ќе напредува во економијата како гранка. Дотогаш само пофални зборови за овој колектив, за потрагата и поддршката на младите студенти, за можноста од овде да почне да се гради темелот на индивидуалноста и личноста, темелот кој ќе не дефинира нас во иднина, столбот на нашата професија.“