Специјалист за синдикална продажба и финансирање

Скопје, Северна Македонија

Биди дел од нашиот тим!

ВРАБОТУВАМЕ:

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА СИНДИКАЛНА ПРОДАЖБА И ФИНАНСИРАЊЕ 

 

Нептун го зајакнува својот тим за Лојалност, финансирање и услуги и сме во потрага по професионална,  комуникативна, добро организирана, само-мотивирана личност, која ќе биде одговорна за имплементација на планови и активности поврзани со услуги на клиенти на компанијата, како програми за лојалност, финансирање, синдикална продажба.

Основни одговорности:

  • Администрирање на барања за синдикална продажба. Проверува, одобрува и праќа известување до продажна мрежа за можност за издавање роба на членови на синдикати
  • Анализира податоци за членови на синдикални организации за досегашни купувања и редовни плаќања на ратите од фактурите и комуницира со продажна мрежа при спорни ситуации
  • Ја следи доспеаноста на побарувањата од синдикалната продажба и ги контактира синдикалните организации и клиенти при задоцнување со наплата на доспеаните побарувања на Друштвото
  • Котролирање и евидентирање на банкарските уплати од синдикалните организации со цел помагање на сметководствениот сектор за нивно правилно раскнижување
  • Подготвува разни видови извештаи поврзани со синдикалната соработка и дава препораки за последователни активности
  • Администрира потрошувачки кредити и кредити одобрени врз основа на склучени договори
  • Комуникација со продажна мрежа, со цел корекција на грешки во делот на кредитирање и останати услуги - комплетна поддршка за процеси поврзани со кредитирање и услуги
  • Врши пресметки и анализи по основ на кредитирање и комуницира со деловните банки
  • Ги координира сите засегнати страни при имплементација на нови проекти (банки, софтверски компании и други институции)
  • Се грижи за системска параметризација и имплементација на услугите и контрола
  • Креира аналитички информации потребни за дизајнирање на промоции во рамки на Програмата за лојаност
  • Врши останати активности поврзани со програмата за лојалност, финансирање и синдикална продажба


Потребни квалификации:

  • Пожелно е завршено Високо образование
  • 1-3 години искуство во областа на кредитирање, финансии, наплата, анализа и истражување
  • Значајно искуство и познавање на процес на наплата на побарувања
  • Одлични комуникациски и интерперсонални вештини
  • Организираност, одговорност и прилагодливост на динамична работна средина
  • Ореинтираност кон клиенти
  • Афинитет кон административни работни задачи, педантност и деталност
  • Способност за аналитичко и логичко размислување
  • Тимска ориентација и желба за учење и развивање

Нашата компанија нуди:

  • Култура на почит, отвореност, взаемно помагање и тимска работа
  • Работа во стимулативна и динамична средина, со професионален и мотивиран тим
  • Можност за континуиран развој и професионална надоградба
  • Работно време: понеделник-петок; 7:30/08:30 – 15:30/16:30часот (флексибилно)

Доколку се пронаоѓате во барањата на позицијата и ги поседувате потребните вештини за успешно извршување на работните задачи, ве покануваме да аплицирате на означеното поле. Рокот за аплицирање е 15.09.2024.


Специјалист за синдикална продажба и финансирање

Пријави се на огласот
Опис на работно место

Специјалист за синдикална продажба и финансирање

Лични информации