СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПЛАТА, БЕНЕФИЦИИ И АНАЛИТИКА ЗА ЧР

Скопје, Северна Македонија

Секторот за Човечки ресурси за East Gate Mall, Нептун МК, Сервис МК како дел од Балфин групацијата во Македонија поради зајакнување на тимот отвара ново работно место: 

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПЛАТА, БЕНЕФИЦИИ И АНАЛИТИКА ЗА ЧР 

(за Нептун МК и Сервис МК)

Доколку сте одговорна, енергична, лојална, посветена и тимски ориентирана личност, со соодветни квалификации, спремна за нови предизвици, аплицирајте!

ОДГОВОРНОСТИ:

Пресметка на плати

  • Гарантира навремена организација на централизирана калкулација и точна пресметка на плата за сите вработени по сите основи во согласност со законската регулатива.
  • Врши пресметка на сите додатоци на плата како бонуси, инсентиви, прекувремени часови, празнични часови, ноќна работа, боледувања, награди и одбитоци од плата како административни забрани и сл.
  • Гарантира соодветно архивирање на сите документи во однос на пресметани плати, промени во плати, платени давачки кон државата и сл.
  • Подготвува и доставува пресметки за плата кај вработените, на месечно и годишно ниво

Надоместоци

  • Гарантира навремена подготовка на податоци за пресметка и исплата на надомест за годишен одмор во координација со претпоставениот.

Законска регулатива

  • Ја подготвува и одржува документација за сите пишани регулативи, политики за плата и дополнителни бенефиции  во согласност со компаниската стратегија и законот.
  • Ги следи законските прописи во областа на плати и бенефиции.

Награди врз основа на перформанса

  • Ги анализира резултатите од проценката на перформансата со цел дефинирање на платата врз основа на остварената перформанса во координација со одговорните менаџери и со одобрение од претпоставениот.

Анализа и извештаи 

  • Обезбедува развивање и имплементација на стандардни извештаи претходно договорени и одобрени од предпоставениот, како и аналитичка подршка на тимот за човечки ресурси и сите сектори и одделенија компанијата со одобрение од претпоставен.

Ревидирање/ревизија на плати и бенефиции

  • Го води процесот на ревизија на плати во компанијата
  • Обезбедува навремена имплементација на одобрените плати и/или бонус шеми.

Планирање и буџети

  • Подготвува годишни планови за плати во согласност со стратегијата на компанијата
  • На месечно ниво врши контрола на планираниот буџет,
  • Подготвува  месечни/годишни предвидувања врз основа на месечните трошоци за плати/ награди
  • Предлага можни заштеди и ги комуницира до претпоставениот и топ менаџментот.

Политики и процедури

  • Учествува во развојот и имплементација на политиките за плата и наградување на кадрите, Врши ревидирање и подготвување на нови процедури во однос на плати и бенефиции,
  • Обезбедува адекватна комуникација и односи со вработените за сите бенефиции и дополнителни плаќања со цел подигнување на свесноста на вработените и нивното задоволство.

Посебни проекти 

  • Учествува во развој и имплементација на стратешки проекти на тимот за човечки ресурси.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Висока стручна спрема, предност имаат економски науки,
  • Минимум 5 години работно искуство во областа на пресметка на плати и бенефиции,
  • 2 години работно искуство во аналитика во областа на човечките ресурси, ќе се смета за предност
  • Одлично познавање на процесот и структурата на пресметка на плата (пожелно во интернационални компании),
  • Работно искуство и познавање на процесите на персонална администрација (договори за вработување, процес на вработување, одјавување и сл.) – претставува предност
  • Одлично познавање на законската регулатива во областа на работните односи, посебно во делот на пресметка на плата, социјално и здравствено осигурување, персоналната администрација, како и сродната законска регулатива,
  • Развиени аналитички способности, пожелно искуство со статистички и аналитички техники,
  • Прецизност, точност, ефикасност, професионална етика и одговорност,
  • Одлично познавање и активно користење на MS Office - Word, Excel, Power Point, интернет, со посебен нагласок на одлично (напредно) позанавње на excel како алатка.
  • Организирана, позитивна, проактивна, комуникативна личност со развиена способност за аналитичко, структурирано и логичко размислување со одлични комуникациски вештини.

Нашата компанија нуди:

  • Можност за континуиран развој и напредување во кариерата
  • Компетитивна плата
  • Годишен бонус врз основа на оценета перформанса
  • Култура на почит, отвореност, взаемно помагање и тимска работа
  • Работа со тим на професионалци

Ние сме искусен, амбициозен, отворен, комуникативен, иновативен, грижлив тим, посветен на постојан развој и унапредување!

Доколку сакате да се развивате и напредувате, станете дел од нашиот тим!

Аплицирајте и испратете го вашето „Писмо на Интерес" и Вашата „кратка биографија - CV„ преку означеното поле. Огласот е активен до: 24.03.2024.


СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПЛАТА, БЕНЕФИЦИИ И АНАЛИТИКА ЗА ЧР

Пријави се на огласот
Опис на работно место

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПЛАТА, БЕНЕФИЦИИ И АНАЛИТИКА ЗА ЧР

Лични информации
Професионални информации