Практична работа во Човечки ресурси

Skopje, North Macedonia



Започни ја својата кариера како HR практикант


лoкација: Скопје (Визбегово)                                                                                                     активен до: 13/08/2020



Сакаш да учиш и воедно да оставиш свој печат како HR практикант?


Во текот на 1-3 месечната пракса ќе имаш можност да се запознаеш со водење на персонална администрација, организирање на обуки, креирање содржини за кариерната страна, процес на огласување, регрутација и селекција на кадри, управување со перформанси, компензации и бенефиции. Ќе имаш можност за работа во динамична средина каде ќе го запознаеш комплетниот процес на управување со човечките ресурси.

Практичната работа ќе ти овозможи стекнување на знаења и вештини од областа, како солидна основа за градење кариера.


Потребни квалификации:

  •    Студенти на завршна година или дипломирани на факултетите за општествени науки
  •    Солидно познавање на англиски јазик (пишан и говорен) и MS Office програмите
  •    Познавање на професионални социјални мрежи и дигитални платформи
  •    Интерес кон административни задачи, но и задачи кои бараат кретивност
  •    Позитивен став, одлични комуникациски и организациски способности
  •    Желба за работа со луѓе, љубезност при справување со различни типови на луѓе
  •    Етичко однесување и дискреција при ракување со сензитивни информации

Доколку бараш можност каде што ќе можеш да ги оствариш своите потенцијали и да ги надминеш своите очекувања, те покануваме да ни се придружиш!


Нашиот тим со задоволство ќе те прими и воведе во сите аспекти од работењето на HR секторот, а ти ќе имаш можност да ја одбереш областа која најмногу те привлекува. Ја очекуваме твојата кратка биографија, а ние наскоро ќе те контактираме. Праксата е предвидено да започне од месец Септември.


ДОЗВОЛИ ТВОЈОТ ПОТЕНЦИЈАЛ ЗА БИДЕ ПРЕПОЗНАЕН!



Сподели го огласот со твоите пријатели

Лични информации
Професионални информации