СКОПЈЕ, North Macedonia
Биди дел од нашиот тим
ПОЗИЦИЈА: КООРДИНАТОР ЗА ТРАНСПОРТ
локација: Скопје (нас. Илинден) активен до: 24.02.2021
Нептун Македонија е во потрага по професионалец кој ќе биде задолжен за планирање и координирање на локалниот и интернационалниот транспорт. Координаторот за транспорт ги организира дневните испораки на производи и целосно го координира ланецот на набавки. Ги следи барањата за испораки во системот, ја планира и следи нивната реализација на дневно и неделно ниво. Го координира ланецот на набавки од интернационални добавувачи. Го следи движењето на возачите и рутите и ги контролира транспортните трошоци. Се грижи за возниот парк, преку планирање и реализација на технички прегледи на возилата, редовни безбедносни контроли на возилата и идентификува потреба од поправки или промена на возилата. Креира и ја ажурира базата на податоци за возила, распоред на возење и завршени испораки, сообраќајни прекршоци при испораката, прави анализа на истата и предлага активности за унапредување на работата. Се грижи за задоволството на крајниот купувач, преку давање на насоки и поставување на стандарди при процесот на испорака на робата од страна на вработените кај крајниот купувач. Го координира тимот за транспорт, ги мотивира, развива и воведува новите вработени.
Координаторот за транспорт мора да биде организиран и способен да управува со повеќе различни проекти, со придржување до дефинирани временски рамки.
Вештини и квалификации:
Доколку се пронајдовте во описот и ги поседувате потребните квалификации за успешно извршување на работните задачи, те покануваме да аплицираш и да станеш дел од нашиот успешен тим!
ДОЗВОЛИ ТВОЈОТ ПОТЕНЦИЈАЛ ДА БИДЕ ПРЕПОЗНАЕН!