Практична работа во Човечки ресурси

Skopje, North Macedonia


Започни ја својата кариера како HR практикант 


    лoкација: Скопје (Визбегово)                                        активен до: 23.02.2021


Сакаш да учиш и воедно да оставиш свој печат како HR практикант?


Во текот на праксата ќе имаш можност да се запознаеш со водење на персонална администрација, организирање на обуки, креирање содржини за кариерната страна, процес на огласување, регрутација и селекција на кадри, управување со перформанси, компензации и бенефиции. Ќе имаш можност за работа во динамична средина каде ќе го запознаеш комплетниот процес на управување со човечките ресурси.

Практичната работа ќе ти овозможи стекнување на знаења и вештини од областа, како солидна основа за градење кариера.


Потребни квалификации:

* Студенти на завршна година или дипломирани на факултетите за општествени науки
* Солидно познавање на англиски јазик (пишан и говорен) и MS Office програмите
* Познавање на професионални социјални мрежи и дигитални платформи
* Интерес кон административни задачи, но и задачи кои бараат кретивност
* Позитивен став, одлични комуникациски и организациски способности
* Желба за работа со луѓе, љубезност при справување со различни типови на луѓе
* Етичко однесување и дискреција при ракување со сензитивни информации


Ние нудиме:

  • Практикантска работа во времетраење од 3 месеци
  • Платен надоместок од 10.000денари
  • Редовно работно време: 08:00 - 16:00 часот
  • Нашиот тим со задоволство ќе те прими и воведе во сите аспекти од работењето на HR секторот, а ти ќе имаш можност да ја одбереш областа која најмногу те привлекува.

Ја очекуваме твојата кратка биографија, а ние наскоро ќе те контактираме.


ДОЗВОЛИ ТВОЈОТ ПОТЕНЦИЈАЛ ЗА БИДЕ ПРЕПОЗНАЕН!



Практична работа во Човечки ресурси

Job description

Практична работа во Човечки ресурси