Специјалист за Обука и Развој

СКОПЈЕ, North Macedonia

БИДИ ДЕЛ ОД НАШИОТ ТИМ

ВРАБОТУВАМЕ: СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ОБУКА И РАЗВОЈ


локација: Скопје (Визбегово)                                      активен до: 16.05.2021

Поради зајакнување на тимот за управување со таленти во одделот за Човечки Ресурси бараме личност со високо развиени лидерски, презентациски и интерперсонални вештини, која ќе биде одговорна за планирање, организација, имплементација и контрола на секојдневни активности поврзани со управување со таленти, следење на перформансата и зголемување на ангажираност на вработените.

Специјалистот за обука и развој учествува во развој и имплементација на системот за мерење на резултати и квалитет во работењето на компанијата и служи како лице за контакт за сите прашања и проблеми на вработените и менаџментот во врска со системот. Прави анализа на знаења, вештини и способности на вработените, и ги идентификува потребите и барањата за обука и можности за развој на вработените. Задолжен е за имплементација на нови и постоечки програми за управување со таленти, програми кои ќе го стимулираат развојот, задржување и искористување на талентот во организацијата. Учествува во дефинирање на годишен буџет и план за обука и развој и го следи искористувањето на предвидените средства од буџетот и реализацијата на планот за обука и развој. Остварува контакти и комуникација со центри за обука и обучувачи согласно потребите на вработените.

Што очекуваме?

  • Универзитетско образование (општествени науки)
  • Искуство во тренинг и едукација (системи за мерење на резултати и квалитет во работата, обука и развој), работа во оддел за човечки ресурси ќе се смета за предност
  • Напредно ниво на познавање на англиски јазик (усна и пишана комуникација) и MS Office пакетот
  • Одлични интерперсонални способности и вештини за презентација и ефективна комуникација
  • Самоиницијативност, критичко размислување и способност за решавање проблеми
  • Силни организациски способности за приоритизирање на задачи, управување со проекти и временски рокови

Што нудиме?

  • Работа во динамична и пријателска средина со тим на професионалци
  • Обезбеден бенефициски пакет од страна на компанијата
  • Можност за континуирана надоградба и развој во кариерата
  • Работно време од 08:00-16:00 часот

Доколку сте подготвени за овaa возбудлива и воедно одговорна позиција која ќе придонесе за развивање на компетенциите на нашите вработени, ве покануваме да аплицирате преку означеното поле.



Специјалист за Обука и Развој

Опис на работно место

Специјалист за Обука и Развој

Лични информации
Професионални информации