МАРКЕТИНГ КООРДИНАТОР

СКОПЈЕ, North Macedonia


Биди дел од нашиот тим

позиција: МАРКЕТИНГ КООРДИНАТОР


локација: Скопје                                                                                             активен до: 23/06/2021


Нептун Македонија е во потрага по квалификуван, мотивиран, харизматичен, вреден и амбициозен Маркетинг координатор, кој ќе работи на креирање и имплементација на маркетинг програми, за поддршка на растот и експанзијата на производите и услугите на компанијата. Во тесна соработка со продукт-менаџмент тимот и во директна комуникација со вендорите, ќе предложува, планира и имплементира маркетинг иницијативи. Анализира и следи податоци поврзани со успехот на маркетинг кампањите и ги користи податоците за да предвиди нови можности.

Идеалниот кандидат има претходно искуство со широк спектар на маркетинг функции, вклучувајќи комуникации, традиционален маркетинг, рекламирање, брендирање, дигитален маркетинг и социјални медиуми. Креира буџети за маркетинг активности. Подготвува медиа план и следи негова реализација со посебен акцент на онлајн маркетинг активности (Facebook, GDN, YouTube, локални портали).

Маркетинг координаторот мора да биде организиран и способен да управува со повеќе различни проекти одеднаш и да ги исполнува задачите во зададените рокови.


Вештини и квалификации:

  • Универзитетско образование од областа на маркетинг, комуникации, адвертајзинг
  • Минимум 3 години искуство на слична позиција
  • Одлично познавање на англиски јазик (пишан и говорен) и MS Office програмите
  • Искуство со менаџирање Социјални медиуми, Google AdWords, Google Analytics, Media buying, E-mail, Mobile, Viber огласување, ТВ и радио кампањи, менаџирање содржини
  • Исклучителни вештини за пишување, storytelling, интерперсонална комуникација
  • Искуство во спроведување истражувања со користење на софтвер за анализа на податоци
  • Аналитички ум и способност за критичко размислување
  • Креативна, самоуверена и динамична личност

Доколку маркетингот е твоја определба и поседуваш желба, страст, креативност, добра организираност, вештини за анализирање метрики, имаш одлична комуникација и презентација, те покануваме да аплицираш и да станеш дел од нашиот успешен и креативен маркетинг тим!


ДОЗВОЛИ ТВОЈОТ ПОТЕНЦИЈАЛ ДА БИДЕ ПРЕПОЗНАЕН!


МАРКЕТИНГ КООРДИНАТОР

Опис на работно место

МАРКЕТИНГ КООРДИНАТОР

Лични информации
Професионални информации