Специјалист за бази на податоци и известување

Скопје, North Macedonia

Групацијата БАЛФИН (Балканска финансиска инвестициска групација) е една од најзначајните и најуспешните инвестициски групи во регионот на Западен Балкан. БАЛФИН Групацијата е присутна во Австрија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Црна Гора и Холандија, и вработува приближно 6.000 луѓе. Активностите на групацијата БАЛФИН вклучуваат развој и управување со недвижнини, малопродажба, рударска индустрија, банкарство, туризам, енергија, логистика итн. Групацијата БАЛФИН расте стабилно и има позитивно влијание врз заедниците преку економски развој, раст на можностите за вработување, иновација и социјални инвестиции.

Биди дел од нашиот тим

позиција: Специјалист за бази на податоци и известување

Нептун Македонија е во потрага по компетентен  кандидат, кој ќе биде одговорен да  ги анализира и евалуира деловните системи и потреби на корисниците на овие системи. Документира барања, дефинира цели и кориснички барања и ги формулира системите да бидат во согласност со деловната стратегија на компанијата. Врши подобрувања на функционалностa на системите преку анализа на моменталните практики и дизанирање на модификации, дава поддршка на развојот и имплементација на новите софтвери во компанијата. Дефинира барања за проекти и подготвува проектен и временски план, дефинира фази и елементи на проект, формира проектни тимови и воспоставува буџети. Го следи прогресот на проектите, решава проблеми, подготвува извештаи за прогрес и препорачува следни активности. Подготвува технички извештаи преку собирање, анализа и сумирање на информации и трендови, и подготвува извештаи за реализација на деловниот план. Подготвува финансиски, продажни, продуктни, пазарни, оперативни и слични истражувања да го подржи стратешкото и деловно планирање на компанијата.

Вештини и квалификации:

• Високо образование од областа на ИТ, data science или сродна област
• Најмалку 3 години искуство со бази на податоци и деловни системи
• Напредно познавање на MySQL, развој и одржување на DWH
• Одлично владеење на напредни функции во Excel (PowerPivot, Power Query)
• Одлично познавање на англиски јазик
• Познавање на EDI и ETL ќе се смета за предност
• Искуство со автоматизација на репортинг преку scripting јазици ќе се смета за предност
• Аналитички ум, природна способност за разрешување проблеми и ориентација кон детали
• Комуникациски способности и способност за преточување на податоците во корисни информации за бизнисот

Што нудиме?

• Одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим
• Континуирана обука и можност за напредување
• Работно време од понеделник - петок, од 8-16:00 часот

Доколку сте заинтересирани за работната позиција, а воедно ги поседувате потребните квалификации, ве покануваме да аплицирате преку означеното поле.


Рокот за аплицирање е до: 03.01.2022год.

Специјалист за бази на податоци и известување

Опис на работно место

Специјалист за бази на податоци и известување

Лични информации
Професионални информации