Референт за наплата и кредитирање

Скопје, North Macedonia


БИДИ ДЕЛ ОД НАШИОТ ТИМ

позиција: РЕФЕРЕНТ ЗА НАПЛАТА И КРЕДИТИРАЊЕ


Потребни се енергични, позитивни, услужливи и комуникативни кандидати, кои се ориентирани кон потребите на клиентите. Кандидатите треба да имаат развиена рутина и ефикасност во внесување и проверка на податоци во компутерски системи. Потребно е искуство со наплата, креирање дневни фискални извештаи и трговска книга. 

Референтот за наплата и кредитирање е одговорен за работа на каса, контрола на документација и обработка на барања за кредитирање. Издава гаранција за продадена трговска стока; Креира соодветни документи за испорака на трговската стока; Пресметува камата во соодветни случаи кога продажбата се врши на рати со кредитни картички; Креира апликации за потрошувачки кредити и го спроведува процесот на припрема на целокупната документација при потрошувачки кредити согласно соодветните процедури.

Нашата компанија нуди:

  • Култура на почит, отвореност, взаемно помагање и тимска работа
  • Продуктни обуки од врвни  производители на техника
  • Обуки за развивање на продажни техники и вештини
  • Ментор и колеги кои ќе ти помогнат побрзо да навлезеш во работата
  • Тим билдинг активности
  • Плата и бонуси кои зависат од успешноста
  • Пакет на бенефиции
  • Инсентив програми и квартални награди за најуспешните
  • Работа во смени – 40 часа неделно

Доколку посакуваш да станеш дел од големо регионално семејство каде што ќе можеш да ги оствариш своите потенцијали и да ги надминеш своите очекувања, те покануваме да ни се придружиш!


ДОЗВОЛИ ТВОЈОТ ПОТЕНЦИЈАЛ ЗА БИДЕ ПРЕПОЗНАЕН!

Референт за наплата и кредитирање

Опис на работно место

Референт за наплата и кредитирање

Лични информации
Професионални информации