ПРОДУКТ МЕНАЏЕР

Скопје, Северна Македонија


Нептун е во потрага по амбициозни, мотивирани, стратешки ориентирани кандидати кои ќе бидат одговорни за собирање и анализирање на информации од пазарот на потрошувачка електроника, креирање на стратегија за производи, преговори со добавувачи и извршување на годишен план и исполнување на поставените цели за категорија на производи, согласно очекувањата на клиентите. Менаџерот за управување со производи е директно одговорен за раководење со животниот циклус на производите, финасиските резултати, удел на пазарот, приходи, профит, продуктивност на залиха, услови и рокови за плаќање за доделениот сет на производи.

Идеалниот кандидат има пасија за техника, стратешко размислување, високо развиени преговарачки и аналитички вештини, способност за одредување приоритети и работа со временски рокови, како и иновативен и креативен пристап во одредување на маркетинг стратегијата.

Потребни квалификации:

• Универзитетско образование – економски или технички науки

• Мин. 3 години искуство во набавка, продажба, управување со производи или друга слична област на работа

• Темелно познавање на индустријата, технолошки и пазарни трендови

• Одлично познавање на англиски јазик и напредно користење на MS Office пакетот

• Способност за ефективна комуникација и преговарање

• Страст за анализирање на производите, потребите на клиентите и динамиката на пазарот

• Позитивен став, тимски дух, желба за напредок и постигнување успех

Што нудиме?

• Атрактивна надокнада

• Одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим

• Континуирана обука и можност за напредување

• Дополнителни бенефиции кои се предвидени за позицијата


Доколку се пронаоѓате во барањата на позицијата и сметате дека ги поседувате потребните вештини за успешно извршување на работните задачи, ве покануваме да аплицирате на означеното поле, до 27.11.2022.

ПРОДУКТ МЕНАЏЕР

Опис на работно место

ПРОДУКТ МЕНАЏЕР

Лични информации
Професионални информации