СУПЕРВИЗОР НА ЛОГИСТИКА

Скопје, Северна Македонија

СУПЕРВИЗОР НА ЛОГИСТИКА

Нептун Македонија е во потрага по амбициозен, добро организиран, само-мотивиран искусен професионалец во областа на логистиката. Супервизорот на логистика е одговорен за контрола, организација и следење на магацинското работење и дистрибуцијата на производи.

Основни одговорности:

• Го надгледува, контролира и известува за комплетниот циклус на прием, складирање и испорака на производи

• Континуирано и системски ги следи квалитетот, квантитетот, нивоа на залиха, времиња на испорака, трошоци за транспорт и ефикасност

• Одговорен за контрола и оптимизација на трошоци, точност и постигнување на финансиски цели и ефикасност и ефективност на логистички операции

• Ја контролира работата и усогласеноста со законската регулатива

• Следи и известува за резултати од работењето на сите аспекти во логистика (магацини, транспорт)

• Врши анализа на трошоците за магацинското работење и транспортот

Потребни квалификации:

•  3-5 години искуство во логистика, магацинско работење, управување со ланец на набавки

•  Високо образование
•  Темелно познавање на сите аспекти на логистичкото работење
•  Високо развиено ниво на работна етика и ефикасно управување на времето

•   Аналитички способности и вештини за планирање и организација

•   Одлично познавање на англискиот јазик (усмена и писмена комуникација) и MS Office

•    Познавање на процедури за логистичко работење и WMS системи


Доколку се пронаоѓате во барањата на позицијата и сметате дека ги поседувате потребните вештини за успешно извршување на работните задачи, ве покануваме да аплицирате на означеното поле, до 27.11.2022.

СУПЕРВИЗОР НА ЛОГИСТИКА

Опис на работно место

СУПЕРВИЗОР НА ЛОГИСТИКА

Лични информации
Професионални информации