МЕНАЏЕР ЗА ОБУКА И РАЗВОЈ

Скопје, Северна Македонија


Позиција: МЕНАЏЕР ЗА ОБУКА И РАЗВОЈ

Поради зајакнување на тимот за управување со таленти во одделот за Човечки ресурси бараме личност со високо развиени лидерски, презентациски и интерперсонални вештини, кој ќе биде посветен на идентификување и развивање на целосниот потенцијал на вработените во компанијата.

Основни одговорности:

  • Обезбедува развој и  имплементација на ефективни системи и механизми за едукација и обука, како и навремено спроведување на сите потреби за обука на вработените врз основа на однапред подготвени планови за развој
  • Подготвува стратегија и годишен план за развој на вработените, врз основа на годишна анализа на перформанси и индивидуални планови за равој во согласност со одобрен буџет
    Подготвува годишен буџет за обука и развој
  • Идентификува и остварува соработка со интерни и екстерни обезбедувачи на услуги
  • Развива соодветни  програми за професионална едукација (доквалификација, преквалификација и обука), ги идентификува целите и ефектите, ги усогласува во соработка со надворешни соработници  и ги спроведува во согласност со компаниските правила и процедури
  • Подготвува методи за евалуација во однос на видот на образование и обука, резултатите од образованието и обуката, статистичка обработка за квалитетот  и  квантитетот на активностите за обука и развој и центрите за обука и развој
    Врз основа на описите на работните места, развива концепти за воведна обука на нови вработени со цел ефикасно прилагодување на новите вработени
    Учествува во проекти и активности во однос на интерна комуникација, организација на настани, реорганизација, систематизација и сл.
    Учестува во спроведување на интерни правила и процедури во својата област, внатрешно советување и програми за мотивација на вработени
    Редовно врши ажурирање на базата на податоци за обука и развој на вработени и подготвува извештаи за однапред дефинирани клучни индикатори на перформанса во својата област

Потребни квалификации:

  • ВСС, општествени науки(Андрагогија, Психологија), Менаџмент на Човечки ресурси или Економски факултет (менаџмент или бизнис економија)
  • Завршени курсеви за менаџмент на обука/развој на кадри; други курсеви од областа (анализа на потребите од обука); Обука во основи на менаџмент на Човечки ресурси
  • Минимум 3 години работно искуство во областа на обука/развој на човечки ресурси
  • Минимум 1 година работно искуство во раководење со луѓе
  • Одлично познавање на деловен англиски јазик, MS Office и останати деловни апликации за водење на човечки ресурси
  • Познавање на современите стандарди, практики и методи за управување со човечките ресурси со фокус на областа развој и обука на човечките ресурси
  • Одговорна и зрела личност со одлични комуникациски вештини (вербални и активно слушање), позитивна, проактивна, динамична личност со развиена способност за работење на повеќе задачи истовремено

Нашата компанија нуди:

  •       Култура на почит, отвореност, взаемно помагање и тимска работа
  •       Работа со тим на професионалци
  •       Можност за континуиран развој и напредување
  •       Пакет на бенефиции согласно позицијата 
  •       Работно време: понеделник-петок; 7:30/08:30 – 15:30/16:30часот

Доколку сте подготвени за овaa возбудлива и воедно одговорна позиција која ќе придонесе за развивање на компетенциите на нашите вработени, испратете ја Вашата кратка биографија преку означеното поле.

Огласот е активен до: 22.01.2023

МЕНАЏЕР ЗА ОБУКА И РАЗВОЈ

Опис на работно место

МЕНАЏЕР ЗА ОБУКА И РАЗВОЈ

Лични информации
Професионални информации