ИТ СИСТЕМ АДМИНИСТРАТОР

Скопје, Северна Македонија


Групацијата БАЛФИН (Балканска финансиска инвестициска групација) е една од најзначајните и најуспешните инвестициски групи во регионот на Западен Балкан. БАЛФИН Групацијата е присутна во Австрија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Црна Гора и Холандија, и вработува приближно 6.000 луѓе. Активностите на групацијата БАЛФИН вклучуваат развој и управување со недвижнини, малопродажба, рударска индустрија, банкарство, туризам, енергија, логистика итн. Групацијата БАЛФИН расте стабилно и има позитивно влијание врз заедниците преку економски развој, раст на можностите за вработување, иновација и социјални инвестиции. 

БИДИ ДЕЛ ОД НАШИОТ ТИМ 

ПОЗИЦИЈА: ИТ СИСТЕМ АДМИНИСТРАТОР

Нептун Македонија е во потрага по компетентен професионалец од областа на ИТ. Основна одговорност на Систем администраторот е инсталација, администрирање и одржување на серверската инфраструктура; Конфигурирање и одржување на мрежната опрема; Конфигурирање и мониторинг на системите за backup; Мониторинг на сервери и мрежна активност;    Решавање на проблеми и поддршка од втор ред; Одржување, надградба и мониторирање на безбедносните системи; Конфигурација и решавање на проблеми во VOIP инфраструктурата; Креирање и дополнување на база на знаење и техничка документација

Вештини и квалификации:

  • Високо образование од областа на ИТ
  • Познавање и искуство со администрирање и инсталација на Windows и Linux оперативни системи
  • Познавање од мрежно поврзување и рутирање: LAN, DHCP, DNS, Firewall, VPN
  • Познавање и искуство со одржување конфигурација на сервери и storage
  • Познавање на VOIP технологија
  • Познавањето на технологиите за виртуелизација (VMware, Hiper-v)
  • Елементарни познавања од бази на податоци (mysql, MSSQL)
  • Работно искуство од најмалку 3 години во областа на ИТ администрација
  • Добро познавање на англиски јазик 
  • Возачка дозвола Б категорија
  • Високо развиена способност за организација, приоритизирање, решавање проблеми

Што нудиме?

  • Одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим
  • Континуирана обука и можност за напредување
  • Работно време од понеделник - петок, од 7:30/8:30-15:30/16:30 часот(флексибилно)

Доколку сте заинтересирани за работната позиција, а воедно ги поседувате потребните квалификации, ве покануваме да аплицирате преку означеното поле. Огласот е активен до: 11/01/2023 

ИТ СИСТЕМ АДМИНИСТРАТОР

Опис на работно место

ИТ СИСТЕМ АДМИНИСТРАТОР

Лични информации
Професионални информации