Специјалист за Регрутација

Скопје, Северна Македонија


СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА РЕГРУТАЦИЈА

Нептун го проширува својот тим за Човечки ресурси и е во потрага по професионална,  комуникативна, добро организирана, само-мотивирана и доверлива личност, насочена кон идентификација на топ таленти. Специјалистот за регрутација ќе биде одговорен/а за планирање, организација и имплементација на секојдневни активности поврзани со привлекување, вработување, интеграција на нововработени.

Основни одговорности:

  • Континуирано гради и одржува позитивни односи со кандидати и менаџери за да осигура конзистентно и позитивно искуство на кандидатите
  • Го организира и спроведува комплетниот процес на регрутација (огласување, интервјуирање, евалуација, селекција и воведување на нови вработени)
  • Активно учествува во планирање, развој и имплементација на стратегии за регрутација
  • Континуирано работи на креативни и иновативни стратегии за привлекување на  квалификувани кандидати од сите области, преку различни извори
  • Собира, ажурира и анализира податоци за успешност на селекција и регрутација
  • Воведување на ново вработени во компанијата и контрола на процесот на менторство

Потребни квалификации:

  • мин. 3 години искуство во регрутација
  • Високо образование од областа психологија, менаџмент на човечки ресурси или останати општествени науки
  • Практично искуство во техники на бихејвиорално и интервјуирање врз база на компетенции
  • Професионален пристап, одлични интерперсонални вештини, ефикасност во извршување на задачите

Доколку се пронаоѓате во барањата на позицијата и сметате дека ги поседувате потребните вештини за успешно извршување на работните задачи, ве покануваме да аплицирате на означеното поле. Рокот за аплицирање е: 19.01.2023


Специјалист за Регрутација

Опис на работно место

Специјалист за Регрутација

Лични информации
Професионални информации