ПРОДУКТ МЕНАЏЕР (2 ИЗВРШИТЕЛИ)

Скопје, Северна Македонија

Оваа позиција не е повеќе достапна

Нептун Македонија е во потрага по амбициозни, мотивирани, стратешки ориентирани кандидати за позицијата

ПРОДУКТ МЕНАЏЕР (2 ИЗВРШИТЕЛИ)

                                                 1. Категорија: апарати за лична нега и убавина

                                                 2. Kатегорија: home audio&video accessories 


Продукт менаџерот ќе биде одговорен за собирање и анализирање на информации од пазарот на апарати од потрошувачка електроника, креирање на стратегија за производи, преговори со добавувачи и извршување на годишен план и исполнување на поставените цели за категоријата на производи, согласно очекувањата на клиентите. Менаџерот за управување со производи е директно одговорен за раководење со животниот циклус на производите, финасиските резултати, удел на пазарот, приходи, профит, продуктивност на залиха, услови и рокови за плаќање за доделениот сет на производи.

Идеалниот кандидат има пасија за техника, стратешко размислување, високо развиени преговарачки и аналитички вештини, способност за одредување приоритети и работа со временски рокови, како и иновативен и креативен пристап во одредување на маркетинг стратегијата.

Потребни квалификации:

• Универзитетско образование – економски, технички науки

• Мин. 2 години искуство во набавка, продажба, управување со производи или друга слична област на работа

• Темелно познавање на индустријата, технолошки и пазарни трендови

• Одлично познавање на англиски јазик и напредно користење на MS Office пакетот

• Способност за ефективна комуникација и преговарање

• Страст за анализирање на производите, потребите на клиентите и динамиката на пазарот

• Позитивен став, тимски дух, желба за напредок и постигнување успех

Што нудиме?

• Атрактивен пакет на плата и бенефиции

• Одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим

• Континуирана обука и можност за напредување


Доколку се пронаоѓате во барањата на позицијата и сметате дека ги поседувате потребните вештини за успешно извршување на работните задачи, ве покануваме да аплицирате на означеното поле, до 15.01.2024.

ПРОДУКТ МЕНАЏЕР (2 ИЗВРШИТЕЛИ)

Пријави се на огласот
Опис на работно место

ПРОДУКТ МЕНАЏЕР (2 ИЗВРШИТЕЛИ)