Group Graphic Designer (Fuego)

Скопје, Северна Македонија

Во име на својот ексклузивен бренд, FUEGO International - NEPTUN го проширува регионалниот тим.

FUEGO International, дел од BALFIN Group – еден од најмоќните бизнис-системи во Југоисточна Европа е бренд што ја дефинира иднината на домувањето. Преку иновативна технологија, дизајн и пристапна цена, создадовме мрежа на доверба со потрошувачи во С. Македонија, Албанија, Косово и Босна и Херцеговина.

Нашето портфолио опфаќа сѐ од паметни телевизори и клима уреди, до бела техника и урбана мобилност. Секој наш производ носи потпис на сигурност, паметна функционалност и модерен изглед.

Повеќе од 25 години, FUEGO континуирано го зголемува своето регионално присуство и се искачува на водечка позиција во својот сегмент.

Сега, имаме ново работно место и можеби токму ТИ си личноста што ја бараме за

 

ГРАФИЧКИ ДИЗАЈНЕР

 

Основни одговорности 

  • Дизајн и графичко уредување на рекламните материјали, летоци и останати маркетинг и промотивни материјали, со локализација за сите земји во кои е присутен брендот
  • Дизајн и координација на продукција на ТВ реклами за потребите на Друштвото
  • Дизајн и продукција на веб банери за веб страната на Друштвото
  • Создавање креативен визуелен приказ на дизајнот (story board)
  • Обезбедување фотографии со висока резолуција и материјали со цел нивно прилагодување за дизајн 
  • Комуникација со печатници околу техничкиот аспект на печатењето; подготовка и проследување на податоци до соодветната печатница и проверка на квалитетот на печатењето
  • Комуникација со локалните добавувачи околу техничкиот дел од процесите
  • Развивање креативни решенија за брендирање на продавниците во Друштвото
  • Креирање на различни формати на дизајн материјали (за дигитални канали, социјални мрежи, принт, веб и сл.)

Потребни квалификации:

  • Пожелно е високо образование или академија од областа на графичкиот дизајн
  • Познавање на индустријата, технолошки и маркетинг трендови и технологии
  • 2-3 години работно искуство и познавање на Adobe Photoshop, Adobe Illustrator, Adobe InDesign, XD
  • Познавање на Figma, Canva или Sketch за UX/UI design
  • Познавање на процес на печатење и подготовка на припреми за печатење
  • Искуство со развивање на идентитет на бренд и насоки за негово користење
  • Познавање на англиски јазики и MS Office
  • Детален пристап, способност за работа на различни проекти истовремено и придржување до временски рамки и рокови
  • Адаптибилност и подготвеност за учење нови алатки и трендови во индустријата

Нашата компанија нуди:

  • Култура на почит, отвореност, взаемно помагање и тимска работа
  • Работа со тим на професионалци
  • Можност за развој и напредување
  • Работно време: понеделник-петок; 07:30/08:00 – 15:30/16:00часот

Доколку сте подготвени за работа во динамична интернационална средина, каде се цени инвентивноста и оригиналното размислување, ве покануваме да аплицирате на означеното поле, до 13.07.2025.


Group Graphic Designer (Fuego)

Пријави се на огласот
Опис на работно место

Group Graphic Designer (Fuego)

Лични информации
Професионални информации
Додади