ЗОШТО ДА НЕ Е И ВАШ?
Запознајте ги нашите драги колеги, професионалци за продажба, кои со насмевка ве дочекуваат во продажните салони на Нептун и секогаш се подготвени да одговорат на вашите прашања. Зошто тие се одлучија за кариера во продажба, ќе дознаете од нив...
Пронајди ја идеалната работа за тебе
Нашите луѓе, Настани, Совети
Визија
„Одделот за човечки ресурси е значаен партнер во остварување на компаниските цели, развојот и добросостојбата на вработените и лидер на пазарот во својата област.“
Мисија
„Со експертиза, упорност и агилност создаваме простор и услови за одделот и сите вклучени страни да ги остварат целите.“
Со цел нашите вработени да бидат задоволни и мотивирани за постигнување извонредни резултати во работата, континуирано воведуваме програми за бенефиции Покрај тоа што нашите вработени имаат можност да работат во средина која е динамична, исполнета со комуникација со различни типови на клиенти, интересни предизвици и можности за учење од светски познати брендови од областа на техниката и малопродажбата, компанијата дополнително им овозможува одредени бенефиции. Ова се дел од бенефициите:
Нептун Македонија дел од Balfin Group
Нептун Македонија е дел од Balfin Group - една од најголемите инвестициски групации во регионот, со 5700 вработени. Како дел од групација, имаме можност за разменување искуства и за примена на најдобрите практики од индустријата. Воедно нашите вработени имаат можност за градење на интернационална кариера во рамки на групацијата.
Портфолиото на инвестициската група може да се класифицира во рамките на активностите за развој на недвижности, малопродажба, комерцијално и индустриско управување со простор и услуги, индустрија за минерални сировини, туризмот, енергетиката, земјоделството и банкарството. Со присуство во 7 држави: Албанија, Австрија, Македонија, Црна Гора, Косово, Босна и Херцеговина и Холандија, веќе има воспоставено репутација како најактивна и најиновативна групација, благодарение на успешните инвестициски идеи со кои го трансформираат и револуционизираат не само пазарот, туку и однесувањето на потрошувачите.
Визија
„Да станеме меѓународен инвеститор кој поставува нови стандарди за квалитет во сите области од нашето работење“
Мисија
„Да дејствуваме како неоспорен локален и регионален инвеститор на таргетираните пазари, преку предвидување на потрошувачките навики на клиентот и нудење позитивна вредност за опслужување на овие навики со помош на одлична услуга, притоа создавајќи поволна придобивка за сопствениците. Способноста на Балфин да ги претвори предизвиците во вредни деловни можности е причината зошто постоиме“
За сите прашања и поплаки во врска со безбедноста и приватноста на вашите податоци, контактирајте го нашиот службеник за заштита на податоците, Бисера Стојкоска.
e-mail адреса на лицето одговорно за заштита на лични податоци: data_protection@neptun.mk; тел:+389 (0)2 2656 737 ext. 164