Neptun Macedonia (duplicate)background

Практична работа во Нептун

Започнете ја кариерата кај нас!

Практична работа

Од пракса до вработување во Нептун

успешни приказни

Михаела Мојсоска

Михаела Мојсоска

Сметководител

“ Кога станува збор за тоа што очекував, а што добив за време на праксата, моите очекувања станаа реалност. Моето стажирање ми обезбеди фасцинантно искуство и ми овозможи да стекнам увид во рамките на сметководството и финансиите како целина, како и да обезбедам совршена платформа за да започнам со мојата кариера. Јас би сакалa да се гледам како напредувам на професионално ниво и знам дека Нептун е компанија каде што има можност да се спроведе тоа. Имам среќа и прилика да соработувам со неверојатни колеги и затоа понатамошниот развој и надоградувањето на моето знаење е нешто за што навистина сум возбудена. ”

Вале Јованчевски

Вале Јованчевски

Графички дизајнер

“Моето пријавување на пракса во Нептун беше сосема случајно, но ми ја овозможи најголемата привилегија во почетокот на градење на мојата кариера, токму во една од најголемите компании во нашата држава. Знаејќи за колку важна прилика станува збор, напорно работев, учев од моите ментори кои несебично споделуваа знаење од областа на графичкиот дизајн. Дадов сè од себе за да се докажам и на мое огромно задоволство сега имам можност да ја градам мојата кариера како графички дизајнер во Нептун. Одличната работна атмосфера е дополнителен мотив да сум благодарна и да ја искористам приликата да се развивам на професионално ниво и понатаму да напредувам.”

Тамара Станческа

Тамара Станческа

“Мојата приказна во Нептун започна со пракса, со која добив можност да започнам да ја градам својата кариера во HR индустријата. Во текот на овие месеци благодарение на колегите кои несебично ги споделуваа своите знаење и вештини, одблизу се запознав со тоа која е улогата на одделот за човечки ресурси и кои се нивните секојдневни активности. Благодарение на тимот на човечки ресурси во Нептун кои ми дадоа можност за работа и кои од првиот ден направија да се чувствувам како да сум дел од нив уште од самиот почеток, денес почнувам да ја работам мојата работа од соништата.”

Ивана Даниловска

Ивана Даниловска

“Моето искуство во Нептун започна со тримесечна пракса во одделот за човечки ресурси за подоцна неочекувано да премине во можност за вработување. Уште од самиот почеток колегите несомнено направија да се почувствувам добредојдено што беше од огромно значење за создавање пријатна средина за учење и за понатамошен личен развој. Секојдневно споделувајќи ги своето знаење како и вештините, тие исто така ми помогнаа да изградам појасна слика за тоа што сѐ опфаќа работата во одделот за човечки ресурси и да го продолжам текот на својот кариерен пат. ”

Тијана Димчевска

Тијана Димчевска

Графички дизајнер

“Моето дружење со Нептун започна пред 3 месеци како практикант во одделот за графички дизајн. Во текот на овие месеци имав можност да почнам да ја градам мојата кариера како графички дизајнер и да учам од колегите, кои несебично го споделуваа своето знаење и вештини. Се трудев да научам колку што можам повеќе и да го прикажам тоа визуелно. Благодарение на ова, добив прилика да ја продолжам својата кариера како графички дизајнер во Нептун. Најмногу ми се допадна тоа што секој ден е различен и носи нови предизвици со кои постојано го збогатуваме нашето знаење. Убаво е чувството да се работи со колегите, убаво е да се создава и гради кариера во оваа компанија и да се биде дел од една пријатна работна средина.”

ИСКУСТВАТА НА НАШИТЕ ПРАКТИКАНТИ

„Неизмерно сум благодарна за можноста да бидам дел од тимот на човечки ресурси, каде што  за овие три месеци стекнав значаeн увид и вештини во оваа област. Од големо значење за мене е можноста да видам како работи тимот на важни проекти за унапредување на работниот процес и задоволството на сите вработени. Благодарна сум што можев да ги следам овие процеси и да учествувам во истите. Поради можноста да учествувам во повеќе различни проекти, праксата во Нептун ми го зголеми уште повеќе интересот  успешно да ја градам мојата кариера во областа на човечките ресурси и ми помогна во остварувањето на мојот сон – да најдам работа во областа на регрутација на кадри. Целиот тим несебично го споделуваше знаењето и вештините, како и вредни совети за мојот понатамошен личен и кариерен развој.  Ми беше чест да учам од ваков тим!“

Ангела Ристоманова - Практикант во оддел за Човечки ресурси

„Моето патување и интересот  за практиканство во Нептун се појави уште многу порано кога во истата компанија преку проектот Youth Can добив можност за менторство. Подоцна сосема случајно преку  ELSA North Macedonia го видов огласот за практиканство во правната служба во времетрање од 3 месеци  и веднаш аплицирав со желба да ги надоградам моите знаења и практични вештини од областа на правото. Адаптацијата во Нептун се одвиваше добро и брзо со оглед на тоа што од претходно ја знаев позитвната атмосфера која владее таму. Со топлото прифаќање од страна на колегите и мојата менторка, успеав да научам многу работи како за самата компанија така и работи кои се важни за мојата област (подоготовка на разни договори, анекси, одлуки, опoмени пред тужба, комуникација со самите клиенти и многу други работи) кои сметам дека во понатмошното мое дообразување, доусовршување и работење ќе ми бидат од голема помош. Затоа оваа прилика ја користам да искажам голема благодарност за дадената можност од страна на компанијата Нептун како и голема благодарност до мојата менторка  која несебично и професионално се трудеше да ми го  пренесе нејзиното знаење.“

Марија Самарџиска - практикант во Правна служба



Моето време во Нептун беше неверојатно искуство за учење и благодарна сум за можноста да бидам дел од таков прекрасен тим. Знаењата и вештините што ги стекнав додека работев со нив ќе бидат непроценливи во мојата идна кариера. 

Навистина ја ценам поддршката и насоките што ми беа дадени за време на моето време како практикант таму. Нивното менторство, конструктивните повратни информации и довербата во моите способности ми помогнаа да се надградам на личен и на професионален план. Имав шанса да работам со некои неверојатни и позитивни луѓе кои ме научија на вредни вештини од областа на маркетингот. Импресионирана сум од од страста и посветеноста на сите со кои работев и се чувствував навистина добредојдено како член на тимот.


Тамара Ставреска - Практикант во оддел за маркетинг


Искуствата се сѐ што имаме, затоа треба да се трудиме да се позитивни. Убаво е да се биде дел од поголемата слика на една преамбициозна фирма како Нептун, бидејќи ти дава цел на крајот од денот. Знаеш дека придонесуваш нешто на масата. Воглавно моето позитивно искуство не можам да го препишам целосно на работата која ја работев, туку моето искуство најмногу го красеа луѓето околу мене. Утринското кафе со моите колеги од дизајн тимот беа позитивни, мотивирачки и ми внесуваа елан во мене за да можам полесно да си ги извршувам обврските за денот. Разговорите со колегите од аналитика и маркетинг беа учтиви и поучни за мене. Презадоволна сум од менторот кој ми овозможи да стекнам искуство во одделот маркетинг, нешто што од секогаш сум го посакувала. Воглавно, моето искуство со праксата е позитивно и би му го препорачала секому, бидејќи ве предизвикува и ве мотивира да го извадите најдоброто од себеси. Секогаш се чувствував добредојдено и прифатена од другите колеги. Најтопло им го препорачувам ова искуство кое го паметам засекогаш.

Ксенија Митковска- практикант во одделот за Маркетинг

„Мојата приказна во Нептун започна со огромни очекувања и нетрпение да се придружам кон дрим тимот за кој мислам дека беше идеален за мене.

Како амбициозна личност која трагаше по совршеното работно место и пат на кариерата, јас мислам дека во Нептун ја пронајдов вистинската и најдобрата верзија од мене. Како практикант кој пристигна со делумно знаење, праксата ја завршив како еден созреан графички дизајнер со огромно пренесено знаење од моите прекрасни колеги кои неуморно ми го пренесуваа целото нивно искуство и се обидуваа да го извадат најдоброто од мене. Совршената работна атмосфера и организација ми помогна да стекнам голема самодоверба во тоа што го работам, како и да ги унапредам моите вештини во повеќе дизајнерски програми: Adobe Illustrator, Photoshop, InDesign, исто така научив доста работи во програмата Excel кои би ми служеле во иднина. Научив како се изработуваат фокус продукти, летоци, насловни,како и гифови. Среќна сум што имав прилика да бидам дел од оваа голема компанија и чест ми е да ја препорачам на секој графички дизајнер, практикант кој сонува за одлична кариера и напредок. Сигурна сум дека Нептун беше вистинското место за мојата пракса и ова искуство ќе ми помогне во секоја смисла во понатамошниот дел од мојата кариера.“

Ана Зафирова - Практикант во одделот за Графички дизајн




„Моите амбиции и потрагата кон професионално учење, осознавање и надградување на професијата на која сум академски  посветен како  и продлабочување и практично запознавање со  материјата која низ образовниот процес скалесто ја совладав,  беа клучен сегмент да започнам да размислувам за чекор кој втурнува во работа, колектив и колегијалност. Нептун со својот став на серизност, посветеност, енергија која владее помеѓу вработените и можност за себе надградба  ми овозможи едно ново видување на економијата, овој пат низ прозорец малку поразличен од оној со многу литературата која ја нуди факултетот, но сепак доволно близок да направи една симбиоза на она што досега го знам и она што во иднина сакам да го работам. Финансии и сметковотството, книжење на уплати и тимска работа како и точност и временска прецизност во исполнување на обврските се само дел од вештините кои ги сретнав , осознав и запомнив. Добив внимание и знаење какво што секој би посакал, несебично споделено, со добра мисла обострано сметам дека бев корисен практикант кој со време ќе напредува во економијата како гранка. Дотогаш само пофални зборови за овој колектив, за потрагата и поддршката на младите студенти, за можноста од овде да почне да се гради темелот на индивидуалноста и личноста, темелот кој ќе не дефинира нас во иднина, столбот на нашата професија.“

Виктор Стевановски - практикант во оддел Финансии и сметководство



„Во Нептун стекнав доста големо искуство во секој поглед. Научив како се прави еден леток и целата негова постапка исто така научив и доста работи во Excel, всушност видов еден цел процес како работи една сериозна и голема компанија која дава се од себе да излезе во пресрет на купувачите и сум благодарна што ми овозможија да бидам дел од оваа кoмпанија.“


Јована Ѓорѓевиќ - практикант во оддел за Графички дизајн