ПРОДАЖБАТА Е НАШ ИЗБОР!!!

ЗОШТО ДА НЕ Е И ВАШ?

Придружете се на нашиот ТИМ!!!

Запознајте ги нашите драги колеги, професионалци за продажба, кои со насмевка ве дочекуваат во продажните салони на Нептун и секогаш се подготвени да одговорат на вашите прашања. Зошто тие се одлучија за кариера во продажба, ќе дознаете од нив...

Активни огласи

Пронајди ја идеалната работа за тебе

foto18foto 08foto 03foto 01foto 04foto13IMG_4721IMG_4737

Процес на вработување

  • Апликација 

     

  • Предселекција 

     

  • Интервју 

     

  • Тестирање (за одредени позиции) 

     

  • Потесен избор - интервју 

     

  • Понуда за работа 

     

  • Воведување и обука 

     

Дали сакаш да ја започнеш кариерата кај нас?

Запознај го НЕПТУН

Нашите луѓе, Настани, Совети

Loading...

Визија и мисија на HR одделот


Визија 

„Одделот за човечки ресурси е значаен партнер во остварување на компаниските цели, развојот и добросостојбата на вработените и лидер на пазарот во својата област.“

Мисија

„Со експертиза, упорност и агилност создаваме простор и услови за одделот и сите вклучени страни да ги остварат целите.“



Нова Година 2023

Новогодишно видео 2023

БЕНЕФИЦИИ ЗА ВРАБОТЕНИ

Со цел нашите вработени да бидат задоволни и мотивирани за постигнување извонредни резултати во работата, континуирано воведуваме програми за бенефиции Покрај тоа што нашите вработени имаат можност да работат во средина која е динамична, исполнета со комуникација со различни типови на клиенти, интересни предизвици и можности за учење од светски познати брендови од областа на техниката и малопродажбата, компанијата дополнително им овозможува одредени бенефиции. Ова се дел од бенефициите:

  • Бесплатна Happy картичка за попусти и поволности во Нептун
  • NLB Happy Card - без чланарина, со можност за купување со попуст и добивање кеш бек во партнерската мрежа која брои повеќе од 200 трговци, со над 1000 продажни локации
  • Флексибилно работно време за мајки на бебиња до 1година
  • Приватно здравствено осигурување за раководни позиции
  • Повластена цена за производи од Нептун
  • Ваучер подарок за свадба
  • Тим билдинг активности
  • Учество на различни настани: саеми, конференци, обуки, маратони итн.
  • Менторска програма
  • Инсентив програми
  • Евалуација на перформанси и бонусна шема во зависност од остварувањата
  • Прогласување и наградување на најдобрите работници секој квартал
  • Јубилејни награди
  • Програма за препораки
  • Happy brunch
  • Обезбедени пијалоци и паркинг простор итн.

Balfin Group

Нептун Македонија дел од Balfin Group

Нептун Македонија е дел од Balfin Group - една од најголемите инвестициски групации во регионот, со 5700 вработени. Како дел од групација, имаме можност за разменување искуства и за примена на најдобрите практики од индустријата. Воедно нашите вработени имаат можност за градење на интернационална кариера во рамки на групацијата. 

Портфолиото на инвестициската група може да се класифицира во рамките на активностите за развој на недвижности, малопродажба, комерцијално и индустриско управување со простор и услуги, индустрија за минерални сировини, туризмот, енергетиката, земјоделството и банкарството. Со присуство во 7 држави: Албанија, Австрија, Македонија, Црна Гора, Косово, Босна и Херцеговина и Холандија, веќе има воспоставено репутација како најактивна и најиновативна групација, благодарение на успешните инвестициски идеи со кои го трансформираат и револуционизираат не само пазарот, туку и однесувањето на потрошувачите.

Визија

„Да станеме меѓународен инвеститор кој поставува нови стандарди за квалитет во сите области од нашето работење“

Мисија

„Да дејствуваме како неоспорен локален и регионален инвеститор на таргетираните пазари, преку предвидување на потрошувачките навики на клиентот и нудење позитивна вредност за опслужување на овие навики со помош на одлична услуга, притоа создавајќи поволна придобивка за сопствениците. Способноста на Балфин да ги претвори предизвиците во вредни деловни можности е причината зошто постоиме“

За сите прашања и поплаки во врска со безбедноста и приватноста на вашите податоци, контактирајте го нашиот службеник за заштита на податоците, Бисера Стојкоска.

e-mail адреса на лицето одговорно за заштита на лични податоци: data_protection@neptun.mk; тел:+389 (0)2 2656 737 ext. 164