May 2020
Среќни сме што не застанавме со нови вработувања во Нептун и во време на вонредни услови, кога воведувањето во работата беше отежнато и запознавањето со колегите и работата мораше да биде на виртуелен начин. На почеток на месец Април тимот на маркетинг професионалци стана побогат за уште еден член. Надица Чешмаџиска е маркетинг специјалист со докажано искуство, која на малку поинаков начин од стандардниот („remote“), но сепак успешно се вклопи во работните задачи на позицијата Бренд Маркетинг Координатор.
Во интервјуто подолу ќе имате можност да ја запознаете Надица и како таа успеа да ги надмине предизвиците на новото работно место.
„Репутацијата и угледот на Нептун Македонија беше секако фактор. Огромен предизвик е да се биде дел од Балфин Групацијата како и да се работи во компанија со толку долга историја на лидерство во индустријата.
Се работи за бизнис кој постојано се менува. Секојдневно се следат нови трендови во однос на технологија, интегрирана маркетинг комуникација, е-продажба, се со цел да се одговори на потребите и брзиот начин на живот на потрошувачите, така што од сам старт знаев дека сакам да работам за организација што ја води иднината на оваа индустрија.
Во исто време, препораките од колеги и пријатели од бизнис заедницата ми посочија за постоење корпорациска култура која поддржува континуирано учење и развој во работата, опкружување во кое се почитуваат вработените, се наградуваат иновациите и напорната работа. Ја поздравувам можноста на сите кои размислуваат да работат со најдобрите во бизнисот.
Во овие 8 години неуморна работа со одлични македонски и интернационални брендови се здобив со релевантни вештини и искуство, кои ќе ги канализирам понатаму во Нептун, со цел плодни резултати за мене и нашата организација.
Маркетингот е неисцрпна инспирација. Ја сакам оваа работа затоа што дозволува стратешко или т.н. латерално размислување каде не постојат проблеми туку решенија, каде не постои само една перспектива туку ја набљудуваме големата слика. Каде преку правилна интегрирана комуникација и тактики, нашите бреднови помагаат во креирање или пак менување на преференциите на луѓето, начинот на кој се конзумираат одреден бренд или услуга, едноставно го помагаме донесувањето на одлуки во овој динамичен начин на живот.
Се радувам на идејата да помогнам во развој и имплементирање на маркетиншки кампањи за едни од најдобрите брендови во портфолиото на Нептун и се надевам дека мојот проактивен начин на работа навистина добро ќе се вклопи – посебно во оваа улога на Бренд маркетинг координатор.
Селекцијата беше отворена и транспарентна. Во текот на целиот процес соработував со вработените од секторот за човечки ресурси – експерти во својата област на работење. Во зависност од позицијата, нормално се применуваат различни пристапи, каде покрај иницијален разговор се опфати и тестирање односно индивидуална вежба. Од почетокот па се до крајот на регрутацијата се слушаа внимателно потребите на двете страни, со цел да се понуди работно место согласно моите преференции. Да бидам искрена, исходот беше неизвесен - беше во прашање конкурентна позиција и компанија.
Без разлика дали се работи во канцеларија или пак од дома, запознавањето нови колеги знае да биде стресно и можеби во овие моментални услови тешко но, за среќа во Нептун постои исклучително професионална и транспарентна комуницикација, посебно во маркетинг тимот, така што без проблем се интегрирав во работењето. Информациите и активностите непречено се комуницираат преку одредени дигитални платформи со што целиот сектор е мрежно поврзан. Во процесот на интеграција како нов вработен имам и ментор-координатор на маркетинг сектор кој детално ме води кон запознавање со секој проект и бренд поединечно.
Би рекла дека во услови на лимитирано дејствување, наидовме на креативни начини на работа.
Ми се допаѓа што опкружувањето е динамично, оваа работа вклучува доста тимски дух, но и превземање на одговорности и добро делегирање на задачи. Секој проект има јасна и остварлива цел со точни мерливи резултати. Ова е стил на работа кој ми одговара и во кој може да се истакнам.