Месец на спорт во Нептун

February 2020

Месец на спорт во Нептун

Месец Октомври вработените во Нептун го обележаа како месец на спорт и рекреација, со учество на два настани.

На 18.10.2019 поголем дел од вработените се приклучија кон националната иницијатива „Спортска канцеларија“ и во знак на промовирање на важноста на физичката активност за здравјето на секој поединец наместо официјалните чевли вработените дојдоа на работа во патики. За вработените во дирекција беше обезбеден инструктор кој демонстрираше вежби за правилно држење раздвижување.

12 вработени распределени во 3 тима, земаа учество на Штафетна трка во трчање 4 х 2000 метри - Business run” на 19.10.2019. Оваа година на настанот учествуваа повеќе од 90 тимови од различни компании. Целта на трката беше заедничко спортско, рекреативно и деловно дружење помеѓу компаниите, но и помеѓу вработените и нивните семејства.

Со цел негување на здрави навики, физичка активност и тимско дружење, Нептун и во иднина ќе продолжи да промовира и организира вакви настани за своите вработени.