January 2020
Научете да ја стекнете довербата на купувачите за да продавате повеќе!
Повеќето кои се занимаваат со продажба секојдневно ги практикуваат техниките кои се спомнуваат подолу. Но добро е да се потсетиме на истите.
Создадете пријатели
Создавањето блискост е важно за човекот при градење на било каков однос. Пример, пронајдете нешто што ви е заедничко со клиентот, парче моден детал, облека, мобилен телефон што го држи в рака и сл. и прашајте, дадете коментар за да започнете неформален разговор со него, креирајќи одредена поврзаност. Нема магична формула што би било тоа, зависи и од продавачот и од самиот клиент.
Продавајте вредност
Да се продаде производ или услуга кои нема да му бидат пријатни/корисни на клиентот е само краткорочен успех. Доколку клиентот за кратко време се разочара тој ќе има негативен став спрема вам и фирмата, и тоа ќе го искаже во разговор со пријателите, на социјалните мрежи и сл.
Треба да се продава специфичната вредност на определен производ или услуга за даден купувач. Што е тоа кај одреден производ или услуга што би било добро за даден клиент, каква продобивка би имал тој? Научете да ја стекнете довербата на купувачите за да продавате повеќе!
Сменете ја перцепцијата на клиентот
Пример, доколку клиентот ви го побара најевтиниот производ затоа што тој тип на производи брзо се расипуваат и наскоро ќе треба да го смени, треба да му ја смените перцепцијата дека постои подобрување на одредени модели од тој тип на производи и дека може да вложи повеќе за да добие подобар квалитет за подолго време.
Бидете искрени
Повеќето клиенти може да почувствуват дали сте искрени со нив или не. Ако чувствуваат дека може да ви веруваат, постои голема веројатност да купат.
Не преувеличувајте ги вредностите на производите и услугите и не притајувајте можни недостатоци.
Доколку нешто не знаете за производот или услугата, не кревајте раменици, дознајте од некој друг што знае и одговорете.
Продавајте повеќе
Треба да се трудите да ја зголемете продажбата штом клиентот го одбере главниот производ. За правосмукалка, дополнителни филтри и сл.
Честопати може да продавате повеќе врз основа на „стравовите“ на клиентот. Доколку разберете за што е загрижен клиентот, може да му понудите дополнителен производ или услуга што може да го реши неговиот проблем. Пример: доколку клиентот би работел со многу видео материјали на компјутерот и се плаши дека ќе нема доволно место за да ги сними, понудете му екстерен хард диск и сл. Со ова вие не му нудите бескорисен производ, туку нешто што ќе му помогне. Всушност му правите услуга.
Учете од своите успеси и грешки
Постојано учете за да бидете добар продавач. Тој што сака да биде подобар, постојано се труди да дознае зошто некој клиент купил или не купил од него, што можело да биде поразлично или како подобро би се претставил производот или услугата.
Секое продавање е можност да се увиди што чини, а што не, и како може да се подобри.
Бидете упорни
Упорноста се исплати. Покажете му на клиентот дека навистина се грижите за нивното искуство и сакате да му помогнете. „Додворувањето“ не е ништо страшно, сè додека сте чесни и искрени.
Внимавајте на психологијата на клиентот
Треба да се прилагоди продажбата согласно типот на личноста на клиентот. Пример, „затворените“ личности бараат различен пристап во продажбата, за разлика од „отворените“ личности. Забележувајте како различните видови на клиенти реагираат на различни пристапи во продажбата и менувајте ги вашите техники согласно потребата.
Не делувајте очајно
Без разлика колку сакате или морате да продадете нешто, не приоѓајте му на клиентот гледајќи го како „пари“. Не заборавајте дека треба да му продадете нешто што би му го подобрило/олеснило животот. Треба да почувствуваат дека сакате да им помогнете, а не дека тие ви помагаат вам.
Ова не се единствените совети кои ја подобруваат продажбата. Најдобрите продавачи постојано бараат нови начини за да останат најдобри.
„Пристапете кон секој клиент со идеја да му помогнете да реши одреден проблем или да постигне некоја цел, а не да продавате производ или услуга“
– Брајан Трејси