"Балфин" во Македонија: - "Ние сме дел од силна бизнис групација"

February 2020

Групацијата "Балфин" одржа презентација во Скопје на тема "Перспективите за развој на вработените во групацијата Балфин"

"Балфин" во Македонија: - "Ние сме дел од силна бизнис групација"

На 23.05.2019 во Хотел Александар Палас претставници на Групацијата "Балфин" одржаа презентација за над 200 вработени од компаниите во Македонија кои се дел од големата групација. На презентацијата земаа учество македонските компании кои се дел од "Балфин" :

"Нептун Македонија"

"Скопје Ист Гејт"

"Сервис Македонија"

"Неп Лојалити"

Презентацијата ја отвори Горан Цветинов - Генерален Директор на "Нептун Македонија". Тој со кратко обраќање најави дека ваквиот вид на настани ќе зачести со цел компаниите од Македонија кои се дел од Групацијата "Балфин" да бидат поинтегирани во целиот процес на комуникација и соработка со компанииите кои се од регионот. Горан Цветинов ги најави гостите од Албанија и им се заблагодари за нивната иницијатива за настанот.

На настанот презентации одржаа претставниците од "Балфин":

Игор Давков - Генерален Директор на "Скопје Ист Гејт" - Развојот на проектот "Скопје Ист Гејт"

Ерис Касми - Директор на Секторот за комуникации, ПР и дигитален маркетинг на "Балфин" - Презентација на Групацијата "Балфин"

Мартин Расел - Потпретседател за интернационални активности во "Балфин" - Презентација за идните планови на Групацијата "Балфин"