Прославуваме јубилеј на нашите вработени

February 2020

Прославуваме јубилеј на нашите вработени

Во месец јуни 2019 година Нептун Македонија им даде признание на своите долгогодишни вработени.

16 вработени оваа година прославија 10 и 15 години јубилеј во Нептун Македонија. По тој повод, беше организиран свечен ручек, каде од страна на претставници на менаџментот на вработените им беа доделени плакети и подароци. Вработените кои добија јубилејни награди доаѓаат од следните позиции: Лидер на смена, раководител на продавница, заменик раководител на продавница, референт за продажба, хаусмајстор, рецепционер, регионален менаџер за малопродажба, менаџер за логистика и администратор.

Во 2018 година Нептун Македонија прослави 20 години постоење и на тој настан официјално им се заблагодари и ги награди сите вработени кои имаа достигнато стаж од 20, 15 и 10 години и оттогаш ваквите настани стануваат традиција.

Сите овие вработени покажале лојалност, чесност и помогнале компанијата да стане тоа што е денеска. Сигурно не било секогаш лесно, затоа оние кои се толкав број на години со компанијата се еден вид на "супер херои" - фраза која ние сакаме да ја користиме за нашите вработени со долг стаж.

Заклучно со оваа година, над 70 вработени се дел од Нептун Македонија 10, 15 и 20 години, што составува 18% од вкупната работна сила, на што компанијата е особено горда.

Во продолжение фотографии од настанот: