Стручни обуки за продажниот персонал на Нептун

February 2020

Стручни обуки за продажниот персонал на Нептун


Стручното знаење и техничката поткованост, покрај љубезноста и услужливоста се од голема важност за продажниот персонал на Нептун, кој секогаш се стреми да ги задоволи барањата на своите клиенти.

Ова се постигнува со постојано следење на новитетите во делот на технологијата, а во склоп на тоа се и многубројните стручни обуки кои Нептун ги организира во соработка со своите меѓународни партнери - врвните производители на апарати за домаќинство.

Месец јуни беше богат со ваков тип на стручни обуки, каде се презентираа нови технологии, нови модели и бенефити од производите што може да ги уживаат крајните потрошувачи:

LG – обука за категоријата ТВ и Аудио/видео опрема

APPLE – обука за додатоци и галантерија

SONY – обука за категоријата ТВ и Аудио/видео опрема

BOSCH – обука за категоријата бела техника

Нашите вработени ги мотивираме што почесто да присуствуваат на обуките и активно да се вклучуваат во квизовите на знаење, при што добиваат и вредни награди.

Личниот и професионален развој е една од најзначајните вредности кои Нептун ги негува кај своите вработени. Како компанија чија најголема вредност се луѓето, поттикнуваме континуирано учење, иницијативност, амбиција, желба за успех и тимски тух!

Фотографии од обуките:

LG обука

APPLE обука

SONY обука

BOSCH обука