Нептун на Саемот за кариера на Универзитетот ФОН

04 February 2020


Нептун на Саемот за кариера на Универзитетот ФОН

На 17.04.2019 учествувавме на Саемот за кариера на Универзитетот ФОН каде што имавме можност да се запознаеме со студентите и да споделиме какви можности нуди Нептун за практична работа и за вработување. Ова беше одлична прилика да им објасниме на студентите како би можела да изгледа нивната кариера во Нептун и во кои сектори би можеле да ги стекнат своите практични вештини. На студентите им беа презентирани секторите каде може да ја градат кариерата, како:

Продажба

Маркетинг и управување со производи

Финансии и сметководство

Човечки ресурси

Нептун е постојано во потрага по амбициозни и мотивирани кандидати кои се подготвени посветено да учат и работат во динамична средина каде што се цени иновативноста, желбата за успех и тимскиот дух. Сите заинтересирани кандидати кои бараат можност каде ќе можат да ги остварат своите потенцијали и да ги надминат своите очекувања ги охрабруваме да ни се придружат со аплицирање на vrabotuvanje@neptun.mk