March 2020
Продажбата е динамична област која константно се менува и за да се биде успешен потребно е константно да се следат новите трендови во индустријата и барањата на клиентите. Клучен фактор за успехот во продажбата се нашите вработени и тимската работа во компанијата. Вложувањето во нивното знаење и нивниот развојот отсекогаш било на листата на приоритети на компанијата, затоа што веруваме дека развојот на компанијата зависи од развојот на вработените.
Една од нашите најклучни алки во системот на малопродажба се раководителите на продажните салони. Тие се задолжени за беспрекорното функционирање на салонот, а секако тоа го постигнуваат преку тимот кој го раководат. Тука се потребни вештини за делегирање на работни задачи, високо ниво на организираност, способност за ефективно разрешување на конфликти, како и обука, развој и мотивирање на својот тим за постигнување високи резултати.
На почетокот на Февруари 2020 год. раководителите на 25те продавници од цела Македонија имаа можност да го надоградат своето знаење од областа на ситуациско лидерство преку дводневна обука која се одржа во Крушево. Ситуациското лидерство претставува начин на упореба на различни стилови на раководење во зависност од ситуацијата и од нивото на развој на вработените. Ситуациско лидерство е алатка која му обезбедува на менаџерот јасни насоки за дејствување, започнувајќи со анализа на моменталната состојба на нивниот стил на лидерство и идентификување на аспектите на развојот на тимот.
Целта на обуката беше учесниците да добијат проценка на нивниот стил на лидерство, насоки за прилагодување на сопствениот стил во фазата на развој на своите вработени и корпоративните цели што треба да се постигнат.
Обуката опфаќаше и методи за содавање на ефективни тимови како и развој на мотивација во рамките на тимското опкружување.
Сите учесници на обуката ќе имаат можност практично да ги применат стекнатите знаења и вештини совладани за време на обуката, во рамки на своите тимови.