January 2021
Со воведувањето на практикантската програма во Нептун Македонија, ја остваривме нашата цел- а тоа е оспособување на амбициозни, вредни, желни за учење и посветени млади луѓе, кои ќе се издвојат како идни таленти на пазарот на труд.
Со стекнатато искуство и знаење од повеќе области на човечките ресурси и несебичната поддршка од страна на менторите и целиот тим, Ангела успеа да ја оствари својата цел и да најде работа согласно нејзините афинитети.
Ѝ посакуваме и понатаму да чекори храбро и самоуверено во остварување на замислените цели... А ние сме сигурни во тоа!
Ангела Ристоманова - Практикант во оддел за Човечки ресурси
„Неизмерно сум благодарна за можноста да бидам дел од тимот на човечки ресурси, каде што за овие три месеци стекнав значаeн увид и вештини во оваа област. Од големо значење за мене е можноста да видам како работи тимот на важни проекти за унапредување на работниот процес и задоволството на сите вработени. Благодарна сум што можев да ги следам овие процеси и да учествувам во истите. Поради можноста да учествувам во повеќе различни проекти, праксата во Нептун ми го зголеми уште повеќе интересот успешно да ја градам мојата кариера во областа на човечките ресурси и ми помогна во остварувањето на мојот сон – да најдам работа во областа на регрутација на кадри. Целиот тим несебично го споделуваше знаењето и вештините, како и вредни совети за мојот понатамошен личен и кариерен развој. Ми беше чест да учам од ваков тим!