Искуствата на нашите практиканти

12 November 2020


Искуствата на нашите практиканти

Давање шанса на младите и овозможување да стекнат увид во тоа што значи бизнис и работа во систем, вклучување во реални задачи, можност за учење од професионалци и можност за стекнување вредно искуство кое утре ќе им биде отскочна даска за вработување и градење кариера, претставува клучен елемент како продолжение на образовниот процес на младите. И во отежнати пандемски услови, младите покажаа неверојатна желба, ентузијазам и подготвеност да учат, да го стекнат потребно знаење и вештини, со што ќе се издвојат како идни таленти на пазарот на труд, а Нептун Македонија и нашите ментори несебично ги примија, споделија знаење и им ја дадоа потребната поддршка. 

Им посакуваме да бидат доволно самоуверени да прифатат било каков предизвик и доволно храбри да ги остварат замислените цели... А ние сме сигурни во тоа!

Јована Ѓорѓевиќ - практикант во оддел за Графички дизајн

„Во Нептун стекнав доста големо искуство во секој поглед. Научив како се прави еден леток и целата негова постапка исто така научив и доста работи во Excel, всушност видов еден цел процес како работи една сериозна и голема компанија која дава се од себе да излезе во пресрет на купувачите и сум благодарна што ми овозможија да бидам дел од оваа кoмпанија.“