March 2021
„Нептун Кафе“ како онлајн концепт наменет за поврзување на колегите и развивање дискусии на различни теми, го започнавме во месец февруари 2021 и продолжува да се реализира секој месец. Создадовме безбеден простор за взаемно споделување, мотивирање, учење, унапредување и дружба помеѓу вработените. На доброволна основа на овие работилници се вклучени дел од вработените во Нептун, а во иднина се надеваме дека ќе земат учество повеќе сектори од компанијата. Првите две работилници ги водеше Ана Костовска - Менаџер за човечки ресурси.
Првата тема на која разговаравме беше „Добросостојба на работа“, на која колегите споделија интересни предлози за тоа како можеме да се чувствуваме подобро на работа, да бидеме посреќни, помотивирани, позадволни и што да преземеме да го постигнеме тоа.
Темата на второто „Нептун Кафе“ беше „Емоционална интелигенција“, со акцент на тоа како да ја унапредиме меѓусебната комуникација, како да сме поуспешни во градењето односи и релации со останатите, поефективно да управуваме со себе и со сопствените емоции.
По предлог од колегите и претходно спроведена анкета, на втората работилница прогласивме НАЈколега/НАЈколешка (од дирекцијата на Нептун), за месец Февруари. Најголем и ист број на гласови добија Биљана Тричковска и Беким Трстена, кои гордо ги понесоа титулите НАЈ-колега и НАЈ-колешка! Ова се причините зошто токму тие колеги беа избрани:
Биљана Тричковска – поради тоа што е: ведра, насмеана, комуникативна, колегијална, секогаш подготвена и отворена за соработка. Тука е за консултација во секоја работа и приватна и службена, помош за секого. Креативна, упорна, ефикасна, професионална, точна. Покажува иницијатива да се вклучи и да даде продонес во различни проекти. Колешка која е спремна да помгне, работлива, спремна за секаков предизвик, работата и колегите на прво место.
Беким Трстена – поради тоа што е: колегијален, експедитивен и секогаш расположен за работа. Тука е да даде совет за како да се направи наједноставно некоја работа и се грижи нашата веб страна да изгледа одлично во секое време. Секогаш има насмевка на лицето и е расположен за шега. Културен, љубезен, исполнителен, професионален и кооперативен колега. Секогаш на висина за задачите, културен, совесен и одговорен.
Ова се изјавите на колегите за тоа што значи ова признание за нив:
„Бев многу пријатно изненадена. Најголем успех на секој поединец е да биде прифатен од средината, а за сметка на тоа да возврати со почит, внимание, посветеност и грижа... тоа е нешто што нè прави колеги, пријатели... луѓе. Имам прилика да работам со извонредни колеги и многу сум благодарна за тоа." – Биљана Тричковска
„Се чувствувам горд и привилегиран што мојот труд, подготвеноста, и посветеноста за работа се ценети и наградени со разни одликувања, Нептун како амбициозна иновативна структура секогаш дава простор за унапредување и просперирање. Благодарен сум на менаџментот и прекрасниот колектив, со што овој успех немаше да биде постигнат. Нептун, дозволува да бидеме секогаш инспирирани за позитивни работи!“ – Беким Трстена