Искуствата на нашите практиканти

26 February 2021

Искуствата на нашите практиканти

Уште едно позитивно искуство од нашата програма за практикантство! На Ана Зафирова и ја посакуваме сета среќа во понатамошната кариера како Графички дизајнер. Што имаше таа да каже за нејзините впечатоци, во изјавата подолу: 

„Мојата приказна во Нептун започна со огромни очекувања и нетрпение да се придружам кон дрим тимот за кој мислам дека беше идеален за мене.

Како амбициозна личност која трагаше по совршеното работно место и пат на кариерата, јас мислам дека во Нептун ја пронајдов вистинската и најдобрата верзија од мене. Како практикант кој пристигна со делумно знаење, праксата ја завршив како еден созреан графички дизајнер со огромно пренесено знаење од моите прекрасни колеги кои неуморно ми го пренесуваа целото нивно искуство и се обидуваа да го извадат најдоброто од мене. Совршената работна атмосфера и организација ми помогна да стекнам голема самодоверба во тоа што го работам, како и да ги унапредам моите вештини во повеќе дизајнерски програми: Adobe Illustrator, Photoshop, InDesign, исто така научив доста работи во програмата Excel кои би ми служеле во иднина. Научив како се изработуваат фокус продукти, летоци, насловни,како и гифови. Среќна сум што имав прилика да бидам дел од оваа голема компанија и чест ми е да ја препорачам на секој графички дизајнер, практикант кој сонува за одлична кариера и напредок. Сигурна сум дека Нептун беше вистинското место за мојата пракса и ова искуство ќе ми помогне во секоја смисла во понатамошниот дел од мојата кариера.“

Ана Зафирова - Практикант во одделот за Графички дизајн