„Заедно Навиваме“ - Нептун и СОС детско село

June 2021

„Заедно Навиваме“ - Нептун и СОС детско село

Заедничката соработка со СОС детско село и низата на планирани активности, ја започнавме со настанот „Заедно Навиваме“.

Со реквизити за навивање и многу позитивна енергија, децата и младинците од СОС Детско село заедно со дел од вработените на Нептун ја бодреа Македонската репрезентација на првиот натпревар на 13.06.2021 на Европското првенстсво во фудбал 2020.

Нептун се погрижи за сите технички и логистички детали, со цел следење на натпреварот на големо платно и со вистински натпреварувачки амбиент. На некој начин, успеавме домашната атмосфера да ја пренесеме во амбиентот на СОС Детско село. 

Со нетрпение ги очекуваме следните заеднички активности.