June 2021
Доверба, Одговорност, Иновативност, Личен и компаниски развој
се Вредностите кои се втемелени во нашата компанија и ги поврзуваат сите вработени. Тие претставуваат компасот кој што ни го покажува правецот во кој сакаме да се движиме.
Ги запрашавме нашите понови колеги дали ги препознаваат вредностите во нивното работно опкружување и како навистина тие се живеат:
Ердоан Ајдин – Нептун Сарај
„За почеток сакам да се заблагодарам на тимот на Нептун од раководителите па се до колегите поединечно, за тоа што ми овозможија веднаш да се прилагодам и да се вклопам во работата.
Сметам дека Нептун е компанија која е во чекор со светските случувања, брендови и новитети на глобално ниво. Професионализмот на една фирма се гледа кога компанијата и вработените се максимално посветени кон задоволството на клиентите користејќи притоа иноватовни методи на работење. Досегашното искуство ми дава за право да кажам дека Нептун е професионална и иновативна компанија која се разликува од сите други во кој јас имам работено.
Одговорноста и работата на секторот за човекови ресурси кој се грижи за своите вработени да имаат пристап до нови и повеќебројни обуки за личен и професионален развој, а со тоа придонесува Нептун да има стручен и обучен кадар кој е од големо значење за попрофесионална и побрза комуникација со клиентите.
Остава впечаток на фирма која знае кон што стреми и како треба да биде најдобра на нашиот пазар и пошироко.
Сметам дека Нептун е компанијата која е во чекор со светските случувања, брендови и новитети на светско ниво