Нептун станува стратешки поддржувач на СОС детско село

21 June 2021

Нептун станува стратешки поддржувач на СОС детско село

Проектната група Neptun Change Makers водени од идејата "Бидете промената која сакате да ја видите во светот" осмислија стратегија за општествена одговорност, каде што и компанијата и вработените ќе можат да го покажат својот импакт во општеството. Поддржувајќи ја мисијата на СОС Детско село „Ниту едно дете не треба да расте само“ започнуваме едно големо стратешко партнерство со СОС Детско село.

Нептун како компанија постојано се вклучува во процесот за општествена одговорност и тоа останува една од нашите примарни одговорности и основа на која ги надградуваме сите останати активности преку кои се обидуваме да го подобриме квалитетот на животот во средината во која работиме. Децата ја претставуваат иднината на секое општество, а нашата желба е да покажеме солидарност, хуманост и емпатија и да дадеме поддршка таму каде што е најпотребна.

Како амбасадори на СОС Детското село, започнуваме соработка низ која ќе можеме да ги вклучиме и нашите вработени, и тие да бидат дел од компаниската гордост. Тим билдинзи, волонтерски активности со вработените на „Нептун“ и програми на СОС Детско село, обуки за стручни знаења во областа на сервисирање на бела техника и продажба, се само дел од агендата.