Нептун ВРЕДНОСТИ - ИНОВАТИВНОСТ

28 June 2021

Нептун ВРЕДНОСТИ - ИНОВАТИВНОСТ

Доверба, Одговорност, Иновативност, Личен и компаниски развој

се Вредностите кои се втемелени во нашата компанија и ги поврзуваат сите вработени. Тие претставуваат компасот кој што ни го покажува правецот во кој сакаме да се движиме. 

Ги запрашавме нашите понови колеги дали ги препознаваат вредностите во нивното работно опкружување и како навистина тие се живеат:

 Ердоан Ајдин – Нептун Сарај

„За почеток сакам да се заблагодарам на тимот на Нептун од раководителите па се до колегите поединечно, за тоа што ми овозможија веднаш да се прилагодам и да се вклопам во работата.

Сметам дека Нептун е компанија која е во чекор со светските случувања, брендови и новитети на глобално ниво. Професионализмот на една фирма се гледа кога  компанијата и вработените се максимално посветени кон задоволството на клиентите користејќи притоа иноватовни методи на работење. Досегашното искуство ми дава за право да кажам дека Нептун е професионална и иновативна компанија која се разликува од сите други во кој јас имам работено.

Одговорноста и работата на секторот за човекови ресурси кој се грижи за своите вработени да имаат пристап до нови и повеќебројни обуки за личен и професионален развој, а со тоа придонесува Нептун да има стручен и обучен кадар кој е од големо значење за попрофесионална и побрза комуникација со клиентите.

Остава впечаток на фирма која знае кон што стреми и како треба да биде најдобра на нашиот пазар и пошироко.

Сметам дека Нептун е компанијата која е во чекор со светските случувања, брендови и новитети на светско ниво

  • Во блиска иднина себеси се гледам како вработен кој ке го совлада целиот процес како би довело до мое непречено функционирање и напредок во работата со што моите претпоставени и мојата компанија би имала бенефит.
  • Гледајки ја поставеноста и процесот на работата во компанијата, а од мое лично искуство компанијата има голем потенцијал да порасне во уште поголема но со наша максимална посветеност на работата и со заеднички сили до заедничка цел.“