Човечките ресурси низ призмата на трудовото право

14 May 2021

Човечките ресурси низ призмата на трудовото право

Сања Једиковска за порталот 24HR

Човечките ресурси се материja која се состои од повеќе фази и процеси во зависност од степенот на развиеност на компанијата. Трудовото право како една гранка од човечките ресурси е од суштински карактер и е дел од секоја компанија.

Трудовото право е наука која не може да се меморира бидејќи е наука која е подложна на постојани промени, наука преку која треба да се работи на воспостување на вештини за критичко размислување и работење во рамки на фактите а со цел да се може да се примени во различни сценарија во реалниот свет.

Имајќи во предвид дека човечките ресурси се одговорни за најважниот имот на компанијата – нејзината работна сила, покрај обезбедувањето потоа ефикасното работење на вработените, човечките ресурси се одговорни и за одржување на усогласените услови за работа. Со постојаните промени во законската регулатива за вработување, човечките ресурси мора да останат во тек со ажурирањата, одржувајќи ги етичките практики за вработување и обезбедувајќи ги најдобрите можни придобивки со најмалку можни трошоци за компанијата.

Човечките ресурси покрај работните односи помеѓу работниците и работодавачите кои се воспоставуваат со склучување на договор за вработување каде практично преку писмен документ ги договараат правата и обврските кои по склучување на Договорот обострано се должни да ги почитуваат, во делот кој ја опфаќа правната рамка на човечките ресурси влегуваат и други правни сегменти кои се уредени со законска регулатива.

Како еден од диапазонот на правни сегменти е грижата и свесноста при почитувањето на прописите за обработка на лични податоци. Загриженоста за правилна обработка на личните податоци на кои од неодамна им се посветува големо внимание како резултат на цеколупната регулативата на заштита на податоците и на Законот за заштита на лични податоци, човечките ресурси треба да се грижат за  тоа како правилно да управуваат и како правилно да ги складираат личните податоци на начин кој е усогласен со законските регулативи.

Понатаму голем дел од правните активности поврзани со вработените се поврзани со вознемирувањето на работното место и дискриминација на работното место на кои неодамна исто така им се посветува големо внимание како резултат на донесените законските применливи регулативи. Човечките ресурси имаат одговорност да работат во согласност со применливите прописи во делот вознемирување и дискриминација, како и да внимаваат на човечкиот аспект имајќи во предвид дека станува збор за сензитивни предмети за работа.

Понатаму од особена важност е и почитување на обврските како за работниците така и за компаниите во спроведување на целокупниот процес за безбедност и здревје при работа на работниците кои исто така е утврден со законска регулатива во областа на безбедност и здравје при работа.

Со почитување на правилата кои произлегуваат од оваа регулатива се гарантира безбедноста за време на извршување на работните задачи на работниците како и целосно минмиизирање на правниот ризик во компаниите каде работниците ги извршуваат своите работни задачи на дневна основа.

Почитување на правните регулативи се од огромна важност и се од витално значење за компаниите а се со цел да избегнат потенцијално скапи последици.


Сања Једиковска е Специјалист за правни работи и персонална администрација со повеќе од 5 години работно искуство во Нептун Македонија. Одговорна за подготовка и администрирање на целокупната персонална администрација и одржување на правна сигурност во областа на трудот. Член на Дисциплинска комисија и Член на Комисија за заштита од вознемирување на работно место. Има дипломирано на Правниот факултет при Универзитетот Св Кирил и Методиј, насока правни студии.

Преземено од 24HR https://24hr.mk/%d1%87%d0%be%d0%b2%d0%b5%d1%87%d0%ba%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d1%80%d0%b5%d1%81%d1%83%d1%80%d1%81%d0%b8-%d0%bd%d0%b8%d0%b7-%d0%bf%d1%80%d0%b8%d0%b7%d0%bc%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d1%82%d1%80%d1%83/