НЕПТУН ВРЕДНОСТИ - ЛИЧЕН И КОМПАНИСКИ РАЗВОЈ

06 July 2021

НЕПТУН ВРЕДНОСТИ - ЛИЧЕН И КОМПАНИСКИ РАЗВОЈ

Доверба, Одговорност, Иновативност, Личен и компаниски развој

се Вредностите кои се втемелени во нашата компанија и ги поврзуваат сите вработени. Тие претставуваат компасот кој што ни го покажува правецот во кој сакаме да се движиме. 

Ги запрашавме нашите понови колеги дали ги препознаваат вредностите во нивното работно опкружување и како навистина тие се живеат:

„Јас сум веќе скоро три месеци во Нептун Македонија , а веќе имам преголема доверба во компанијата, се чувствувам сигурен од аспект на тоа дека Нептун е компанија која нуди сигурност, одлични услови за работа , редовна плата , понатамошен развој. 

Одговорна компанија која се грижи за своите вработени , а првенствено од лично искуство би рекол и одличен пристап, прием и вклопување во тимот на ново вработените, организирање обуки и одлично предавање на знаењето од страна на колегите и раководителот. 

Јас како вработен во Нептун Македонија сметам дека за развојот на еден вработен пред сѐ мора самата компанија да има поставено високи компаниски цели за развој и планови за постигнување на истиот. Во Нептун ја  увидов таа желба и труд да се биде најдобар во гранката на дејствување, а тоа е мој дополнителен мотив за се повисоки лични цели и истакнувања. 

Нептун е компанија која се повеќе ми дава до знаење дека слободата на размислување и искажување на истото би можело да доведе до взаемно задоволство, од аспект на промена на пристап кон клиент , промена на распоред во продавница , имплементирање на нови акции, реклами кои даваат очекувани резултати.“

Никола Стоев- Нептун Кавадарци