ПРОГРАМА ЗА ЛИДЕРИ ВО ПРОДАЖБА🥇

September 2021

ПРОГРАМА ЗА ЛИДЕРИ ВО ПРОДАЖБА🥇

Во периодот од месец Јули до месец Септември 2021 спроведовме интерна Програма за Лидери во продажба, на која земаа учество 17 колеги од продажните салони од Скопје. Оваа програма беше креирана со цел надоградување и унапредување на знаењето на продажниот персонал, како и развивање на нивните лидерски капацитети и вештини. 

Програмата се состоеше од 5 сесии на различни теми, кои беа водени од страна на менаџментот на Нептун. 

Темите кои беа обработени се:

  • Менаџмент и Организација
  • Трансакциска Анализа во Продажба
  • Однесување и Задоволство на Клиентите
  • Оперативно Управување со Малопродажен Објект
  • Продажба, UP-Sale &CROSS-Sale

Сеопфатниот и сериозен пристап на предавачите, како и ентузијазмот, посветеноста и трудот кој го вложија учесниците низ целиот процес, допринесе оваа Талент програма да биде прогласена за најуспешна програма во последниве години поради тоа што од неа произлегоа голем број лидери и унапредувања. Позитивното искуство од ваквите програми претставува мотив плус да продолжиме и во иднина со вложување во развој на талентите во компанијата и во континуирано подобрување на програмите.

Упатуваме честитки до сите колеги, бидејќи без исклучок сите успешно ја завршија обуката. Веруваме дека сите учесници излегоа побогати за едно убаво искуство, кое ќе им користи во понатамошниот личен и професионален развој.  

Од срце им честитаме на колегите и им посакуваме многу успех во предизвиците коишто им следуваат!