August 2021
Доверба, Одговорност, Иновативност, Личен и компаниски развој
се Вредностите кои се втемелени во нашата компанија и ги поврзуваат сите вработени. Тие претставуваат компасот кој што ни го покажува правецот во кој сакаме да се движиме.
Ги запрашавме нашите понови колеги дали ги препознаваат вредностите во нивното работно опкружување и како навистина тие се живеат:
Филип Гроздановски - Нептун Дирекција
„Ви благодарам на можноста да бидам дел од Нептун тимот и да ги споделам моите впечатци од досегашно работење во оваа компанија:
Нептун е компанија која се темели на довербата на колегите, се стреми кон иновативен пристап на работењето и постојано вложува во своите вработени затоа што тие се сликата на една компанија. Среќен сум што сум дел од една ваква заедница каде успехот се темели на тимскиот дух, но и одговорноста на секој поединец.
Како нововработен во компанијата можам да кажам дека веднаш бев прифатен од тимот и упатен во работата, имам прилика блиску да соработувам со топ менаџментот на компанијата и тврдам дека довербата тука е на највисоко ниво, секој ја сноси одговорноста за својот дел од работењето.
Надградбата на кадарот исто така е процес кој непречено и континуирано се случува се со цел детектирање на квалификациите на поединецот за потоа истиот посоодветно се вклопи во тимот и работата. Моментално сум дел од една проектна група која овозможува секој член од истата да придонесе со својата иновативност и да го сработи одговорно својот дел од задачата се со цел да се подобри перформансот на компанијата, а со тоа и на нас вработените. Токму ова сметам дека е уште една потврда дека довербата помеѓу вработените, одговорноста и иновативноста на секој поединец како и неговиот личниот и компаниски развој се главните начела кој Нептун се стреми да ги негува и гради.“