НЕПТУН ВРЕДНОСТИ - ОДГОВОРНОСТ

August 2021

НЕПТУН ВРЕДНОСТИ - ОДГОВОРНОСТ

Доверба, Одговорност, Иновативност, Личен и компаниски развој

се Вредностите кои се втемелени во нашата компанија и ги поврзуваат сите вработени. Тие претставуваат компасот кој што ни го покажува правецот во кој сакаме да се движиме. 

Ги прашавме нашите понови колеги дали ги препознаваат вредностите во нивното работно опкружување и како навистина тие се живеат:

Сандра Коцева - Нептун Аеродром

Професионалноста и одговорноста на тимот со кој што работам е поставена на највисоко ниво. Да се биде дел од таков тим за мене претставува дополнителен мотив за достигнување високи резултати во работата и истовремено можност за личен и професионален развој.

Личниот и компаниски развој се градат одговорно, користејки високо иновативни техники и секако доверба. Сето тоа го искусив откако се придружив на семејството Нептун. Чест и задоволство е да се работи во компанија како Нептун.“