Од пракса до вработување

April 2022

Од пракса до вработување

Ја споделуваме успешната приказна на нашата драга колешка Тијана Димчевска, која по тримесечната пракса во одделот за Графички дизајн, покажа одлични перформанси, огромен талент и посветеност, што резултираше со вработување како Графички дизајнер.

 „Моето дружење со Нептун започна пред 3 месеци како практикант во одделот за графички дизајн. Во текот на овие месеци имав можност да почнам да ја градам мојата кариера како графички дизајнер и да учам од колегите, кои несебично го споделуваа своето знаење и вештини. Се трудев да научам колку што можам повеќе и да го прикажам тоа визуелно. Благодарение на ова, добив прилика да ја продолжам својата кариера како графички дизајнер во Нептун. Најмногу ми се допадна тоа што секој ден е различен и носи нови предизвици со кои постојано го збогатуваме нашето знаење.  Убаво е чувството да се работи со колегите, убаво е да се создава и гради кариера во оваа компанија и да се биде дел од една пријатна работна средина.”

Тијана Димчевска