March 2022
„Нептун Супер Мајки“ е настан кој за прв пат го организиравме во знак на поддршка на вработените мајки во НЕПТУН. Предизвикот со кој се соочуваат мајките во раниот период од мајчинството и постигнувањето баланс помеѓу обврските како мајка и обврските на работа, навистина ги прави „Супер мајки“. Токму поради тоа, со овој настан сакавме да им оддадеме признание, внимание и поддршка на нашите Супер мајки.
На 18 март 2022, во хотел Ми Каса, се одржа 3 часовно предавање на тема „Родителски воспитни стилови“ и „Фази на детскиот развој – Доенче и рано детство“.
Предавањето го спроведоа вработени од СОС Детско Село, психолог Даниела Митреска и социјален работник Донка Петровски.
Учесници беа 11 мајки на деца до 3 годишна возраст, вработени во НЕПТУН.
Преку презентација, работа во групи, интерактивна дискусија, учесничките се запознаа со видовите родителски воспитни стилови и фазите на детскиот развој.
Тие активно споделуваа лични примери од нивното родителско искуство, а средбата заврши со позитивни впечатоци, меѓусебно запознавање, учење и мотивација за наредни предавања на слични теми.
По формалниот дел, следуваше слободно време за дружење, релаксација и разубавување на учесничките:)