Од пракса до вработување

December 2021

Од пракса до вработување

Ја споделуваме успешната приказна на нашата драга колешка Вале Јованчевски, која по тримесечната пракса во одделот за Графички дизајн, покажа одлични перформанси, огромен талент и посветеност, што резултираше со вработување како Графички дизајнер.

„Моето пријавување на пракса во Нептун беше сосема случајно, но ми ја овозможи најголемата привилегија во почетокот на градење на мојата кариера, токму во една од најголемите компании во нашата држава. Знаејќи за колку важна прилика станува збор, напорно работев, учев од моите ментори кои несебично споделуваа знаење од областа на графичкиот дизајн. Дадов сè од себе за да се докажам и на мое огромно задоволство сега имам можност да ја градам мојата кариера како графички дизајнер во Нептун. Одличната работна атмосфера е дополнителен мотив да сум благодарна и да ја искористам приликата да се развивам на професионално ниво и понатаму да напредувам.“


Вале Јованчевски

оддел за Маркетинг/Графички дизајн