Од пракса до вработување

January 2022

Од пракса до вработување

Ја споделуваме успешната приказна на нашата драга колешка Тамара Станческа, која по тримесечната пракса во одделот за Човечки ресурси, покажа одлични перформанси и посветеност, што резултираше со нејзино вработување. 

„Мојата приказна во Нептун започна со пракса, со која добив можност да започнам да ја градам својата кариера во HR индустријата. Во текот на овие месеци благодарение на колегите кои несебично ги споделуваа своите знаење и вештини, одблизу се запознав со тоа која е улогата на одделот за човечки ресурси и кои се нивните секојдневни активности. Благодарение на тимот на човечки ресурси во Нептун кои ми дадоа можност за работа и кои од првиот ден  направија да се чувствувам како да сум дел од нив уште од самиот почеток, денес почнувам да ја работам мојата работа од соништата.“


Тамара Станческа

Оддел за човечки ресурси