Од пракса до вработување

January 2022

Од пракса до вработување

Ја споделуваме успешната приказна на нашата драга колешка Ивана Даниловска, која по тримесечната пракса во одделот за Човечки ресурси, покажа одлични перформанси и посветеност, што резултираше со нејзино вработување.

Моето искуство во Нептун започна со тримесечна пракса во одделот за човечки ресурси за подоцна неочекувано да премине во можност за вработување. Уште од самиот почеток колегите несомнено направија да се почувствувам добредојдено што беше од огромно значење за создавање пријатна средина за учење и за понатамошен личен развој. Секојдневно споделувајќи ги своето знаење како и вештините, тие исто така ми помогнаа да изградам појасна слика за тоа што сѐ опфаќа работата во одделот за човечки ресурси и да го продолжам текот на својот кариерен пат.“

Ивана Даниловска

Оддел за човечки ресурси