💙Првото КУМСТВО на згрижувачко семејство во СОС Детско Село💙

July 2022

💙Првото КУМСТВО на згрижувачко семејство во СОС Детско Село💙

Прекрасно е чувството кога партнерството се развива со многу љубов и посветеност, за да добие форма која се преточи во започнување на традиција на кумство.

Нептун заедно со „кумовата тајфа“ од 20-тина вработени од компанијата, на 06.07.2022год. присуствуваа на свечен чин на официјализирање на една поразлична приказна - Кумство, проткаен со многу емоции, позитивна енергија и меѓусебно поврзување. Специјален гостин на овој настан беше бренд амбасадорот на Нептун, актерот Сашко Коцев. Кумовите во иднина ќе ги одбележуваат и прославуваат важните датуми на 5те дечиња од згрижувачкото семејство и ќе бидат присутни во нивните животи.

Подарокот по повод кумството е изразен во финансика донација за поддршка на згрижувачкото семејство за сите потреби кои ги имаат во текот на една година. Финансиската донација од кумот Нептун Македонија се акумулира преку кампањата: “НЕВЕРОЈАТЕН ПОПУСТ НА ГРИЖА, ЉУБОВ И ВНИМАНИЕ”.

Се заблагодаруваме и на сите потрошувачи и клиенти на Нептун кои придонесуваат значително во СОС Детско село секогаш кога ќе ги посетат салоните на Нептун Македонија.  

Посебната врска помеѓу Нептун и СОС Детското село се зајакнува со вклученост на сѐ поголем број на вработени кои покажуваат хуманост и одговорност кон заедницата и придонесуваат за повеќе детски насмевки.