Пензионирање

April 2023

Пензионирање


Бидејќи нашите драги и ценети колеги Цане Томовски и Џеват Ајредини влегуваат во едно ново поглавје од животот, сакаме да одвоиме еден момент за да изразиме најдлабока благодарност за нивниот непроценлив придонес за нашиот тим и организација. Нивната непоколеблива посветеност, професионализам и стручност имаа значително влијание врз успехот на Нептун Македонија и бескрајно сме им благодарни за нивните неуморни напори.

Цане Томовски по 40 години работен стаж, од кои 15 години поминати на раководна позиција во Нептун Битола, го испраќаме во заслужена пензија.

Неговата енергија, елан, желба и амбиција за постигнување извонредни резултати во работата, претставуваат мотив и пример за сите останати колеги. Низ годините, Цане Томовски внимателно го гради и развива тимот, го пренесува своето богато искуство и знаење и секогаш е голема поддршка за својот тим. Заедништвото, тимската работа, посветеноста, упорноста и добрата организација придонесуваат Нептун Битола, на чело со Цане Томовски да бидат тим кој во континуитет постигнува најдобри перформанси.


Џеват Ајредини е повеќе од 25 години заедно со Нептун, од самиот почеток на основањето на компанијата.

Во неговата долгогодишна кариера има поминато многу убави моменти, сведок е на целокупниот раст на Нептун и на сите успеси кои компанијата ги има постигнато до ден денес.

Неговата лојалност, посветеност, вложен труд и упорност секогаш навремено да бидат завршени работните задолженија, се пример за сите нас.

Џеват е колега кој сите го познаваме и на секого барем еднаш му излегол во пресрет. Препознатлив е по својот дух, по своите интересни животни приказни, приватни и професионални, кои секогаш со задоволство ги споделува со колегите.


Им го честитаме пензионирањето на колегите и им посакуваме следната фаза во животот да им биде исполнета со радост, релаксација и нови авантури!!!