May 2023
Со голема возбуда го објавуваме лансирањето на нашата нова интерактивна алатка за учење намената за сите 400 вработени во Нептун - COACH #studdybuddy
Тимот за човечки ресурси напорно работеше на подготовка на содржини и материјали за учење за успешна имплементација на овој исклучително важен проект за сите.
Оваа алатка ќе им помогне на вработените да му дадат приоритет на учењето во текот на работата, да го следат сопствениот напредок и да добиваат персонализиран план за учење.
Целта е да ги поттикнеме вработените да растат и да ги развиваат своите вештини и знаења преку забавен, интересен и интерактивен пристап. Сметаме дека учењето е континуиран процес кој треба да се интегрира во секојдневната работа и затоа избравме интерактивна алатка за учење која ги користи техниките на гејмификација. Оваа алатка ќе ги мотивира вработените да научат повеќе, да се предизвикуваат себеси и да се натпреваруваат меѓусебно за што поголем успех.
Се надеваме дека сите вработени ќе уживаат во ова ново искуство за учење и ќе имаат корист од него!