Нептун на Саем за кариера

May 2023

Нептун на Саем за кариера

На 09.05.2023 Нептун Македонија се претстави на саемот за кариера организиран од Универзитет на Југоисточна Европа - South East European University како работодавач кој е отворен за постоечките и идните студенти. Студентите од сите факултети во рамки на универзитетот покажаа голем интерес да се запознаат со нашата компанија при што ги оставаа своите апликации за идни отворени позиции за вработување или практична работа. Претставниците од Нептун одговараа на прашањата на студентите и им ги презентираа придобивките кои ги нуди практичната работа за развој на потребните вештини кои во иднина ќе им помогнат полесно да стигнат до соодветно вработување согласно нивното образование и стекнати компетенции.

На студентите им беа презентирани секторите каде може да ја градат кариерата, како:

Продажба

Маркетинг и управување со производи

Финансии и сметководство

Човечки ресурси и други сектори.

Нептун е постојано во потрага по амбициозни и мотивирани кандидати кои се подготвени посветено да учат и работат во динамична средина каде што се цени иновативноста, желбата за успех и тимскиот дух. Сите заинтересирани кандидати кои бараат можност каде ќе можат да ги остварат своите потенцијали и да ги надминат своите очекувања ги охрабруваме да ни се придружат со аплицирање преку нашата веб страна.

Ни претставува голема чест и задоволство што бевме дел од овој настан и се радуваме на соработката со студентите од овој универзитет.